8.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПо неуспехот да се изгласа недоверба, ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори

По неуспехот да се изгласа недоверба, ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дали заминувањето на БЕСА од владината коалиција значи отворена врата за Алтернатива на Африм Гаши да влета со своите 4 пратеници, засега останува неизвесно.

<

Со аплауз и честитки меѓу премиерот и министрите – така заврши вчерашната политичка драма во која владата на Заев го преживеа обидот на опозицијата за гласање недоверба, чин до кој ниту дојде поради фактот дека го немаше клучниот пратеник Кастриот Реџепи, 61-от за да го даде гласот „за“.

А епилогот од неуспехот да се создаде ново мнозинство, операција во која учествуваше и БЕСА која е дел од владејачката коалиција, беше денешната оставка на министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, и уште двајца заменици-министри, сите кадри на БЕСА.

„Одлуката за оставка е морален чин и е во согласност со политиките на БЕСА. Бевме свесни за сите дејства што ќе се случат. Работиме на принципот на гордост и достоинство. За нас, власта не е се. “, изјави Аријанит Хоџа, министер за земјоделство во оставка.

Зошто нивниот пратеник Реџепи им откажа послушност, Хоџа вели дека тој самиот треба да одговори за постапките кои не биле во согласност со партиските одлуки.

Дали заминувањето на БЕСА од владината коалиција значи отворена врата за Алтернатива на Африм Гаши да влета со своите 4 пратеници, засега останува неизвесно. Врвот на Алтернативците е внимателен во настапите дали би влегле во владата на Заев.

Вчерашниот неуспех за уривање на владата СДСМ-ДУИ, кај ВМРО-ДПМНЕ го реактуeлизираше сценариото Б – предвремени избори.

„Само брзи избори се решение за политичката криза кон која Заев ја турка државата, со насилие и недемократски методи во политичка криза и неизвесност. Вчера Заев мораше да киднапира пратеник, за на одреден период да си го продолжи мандатот, и можноста за крадење“, изјави Драган Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ.

Според ДУИ, со неуспехот на, како што соопштуваат, „регресивната иницијатива за изгласување недоверба на владата се докажало дека силите кои се против НАТО, ЕУ, пријателството со Вашингтон и Брисел не можат да победат над евроатлантскиот пат на земјата“.

Синоќешниот триумф, пак, ги охрабри владејачките социјалдемократи, кои го одложија ефектуирањето на оставката на Заев, да побараат заминување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски треба да излезе пред граѓаните да им се извини и да даде оставка. Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните после толку кажани лаги. Сега не е време за избори, време е за одговорност бидејќи сме соочени пред многу предизвици како што е енергетската криза, живејачката на граѓаните, пандемијата, продолжување на патот кон ЕУ, и токму затоа време е за одговорност и не е време за брзи и предвремени избори.“, истакна Богданка Кузеска, СДСМ.

По вчерашниот неуспех, ново гласање недоверба на владата не може да се случи во наредните 90 дена освен ако таа иницијатива не е поддржана од барем 61 пратеник – нешто што судејќи по синоќешниот епилог, засега е малку веројатно.

Целата анализа на ВОА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...