Пратеникот Кастриот Реџепи во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека немал комуникација со премиерот Зоран Заев, но го контактирале други луѓе од СДСМ.
-Не ми се јавил Заев. Нормално е дека се знаеме со него, но не ме побарал, ниту ми се јавил последниве 2 недели. Да Димитров, Оливер Спасовски, Маричиќ, зборувам за првата фаза, вели Реџепи.