16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаСветЕве кој го гради најлуксузниот хотел на Мајорка

Еве кој го гради најлуксузниот хотел на Мајорка

spot_imgspot_img

Британскиот милијардер, бизнисмен и обожавател на Мајорка, Ричард Бренсон почна да гради раскошен хотел на овој шпански остров, инаку популарен меѓу туристите „со подлабок џеб“.
Откако сопственикот на „Вирџин галактик“ 10 години имаше проблеми со властите на Мајорка, сега конечно изградбата на хотелот е во тек.
На местото на вилата „Сон Буњола“ во западниот дел на островот ќе никне нов луксузен хотел со 29 соби. Бренсон од детството го посетува островот Мајорка и пред неколку години изјави дека сака таму да го изгради „најдобриот хотел на светот“… Подоцна го смени описот во „најлуксузниот хотел на Средоземјето“. Бренсон го купи имотот од 300 хектари во 1994 година, но го продаде во 2002 година бидејќи владата одби да му издаде градежни дозволи. Но, богатиот претприемач не се откажа, туку повторно го купи имотот во 2015 година за 15 милиони евра. Последната дозвола потребна за градба Владата ја одобри дури на почетокот на летово.

Притоа, Бренсон мора да се придржува до строгите правила и не смее да го прошири хотелот надвор од дозволените димензии, а изградбата „мора да мирува во сезоната на парење на птиците“, меѓу февруари и јуни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...