6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДве и пол години затвор за момчето кое на пешачки ја усмрти...

Две и пол години затвор за момчето кое на пешачки ја усмрти Верица Белчовска, семејството неутешно: „Животот на ќерка ми не може да се врати“

spot_img

Апелациониот суд за тешката сообраќајна несреќа која се случи во Струмица во која загина 20-годишната Верица Белчовска која беше прегазена на пешачки премин, донесе одлука 18-годишното момче кое ја прегази и го напушти местото на несреќата да добие казна затвор од две години и шест месеци.

Штипска апелација двојно ја зголеми казната за 18-годишниот струмичанец, откако Струмичкиот суд летово го осуди на казна затвор од 15 месеци, а семејството поднесе жалба.

Адвокатката на семејството на Верица вели дека за родителите таквата казна е неприфатлива и дека тие не биле известени за одржувањето на јавната седница.

„Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела, судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живот“, рече адвокатката Сања Мирчов.

Семејството Белчовски од беровско Русиново реагираа на донесената пресуда за возачот кој ја удри нивната ќерка Верче чии органи беа донирани.

Душанка Белчовска вели дека никој не може да ѝ ја врати ќерката, но ја боли што во самата постапка судот потклекнал на лаги дека обвинетиот со семејството се грижеле за нејзината ќерка:

„Дуплирана му е казната, но не сме задоволни. Животот на мојата ќерка не може да се врати, но казната е мала. Многу лаги изнесоа, демек се грижеле за мојата ќерка додека беше во кома и носеле влажни марамчиња за хигиена. Тоа е сè лага. Никогаш не се јавија да прашаат како е, а камоли да се грижат“, кажа Душанка, која вели дека утехата ја бара во секојдневните контакти со дел од лицата кои добија органи од Верче.

Верица стана еден од симболите на македонското органодарителство, откако по нејзината клиничка смрт семејството одлучи да се донираат органите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...