11.7 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЗадолжителна вакцинација за сите здравствени работници

Задолжителна вакцинација за сите здравствени работници

spot_imgspot_img

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се донесе одлука за препорака на нови мерки со цел заштита на граѓаните од Ковид 19.

Сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа, за одење на работа да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или да приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.
За ретките имунолошки состојби дополнително ќе се објави соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат.
Вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.
Ажурурање на процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги електорнските алатки на европските сертификати преку апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност.
Мерките денеска предложени треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.
Препорака е кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата, информира министерот за здравство Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...