12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Јас да ви кажам право, не верувам дека Заев ќе поднесе...

Мицкоски: Јас да ви кажам право, не верувам дека Заев ќе поднесе оставка во вторник, ќе се предомисли повторно !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не очекува премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, да поднесе оставка на функцијата, затоа што како што рече, Заев многупати во минатото не го исполнил тоа што го рекол.

<

Кога станува збор за тоа кој би можел да го наследи Заев од лидерската функција во СДСМ и би бил нов мандатар, Мицкоски денеска од Охрид пред медиумите рече дека не е негово да се меша во внатрешните работи на противничката партија, оти во СДСМ сами ќе си донесат одлука како понатаму и со кои кадровски решенија.

– Ние сме фокусирани да создадеме нова иднина, да не биде тоа само пишано слово на хартија, туку навистина да испорачаме. Триесет години преку глава на граѓаните им е од криминал, наместени тендери, корупција…Тие навистина сакаат да видат засукани ракави и работа, рече тој.

Инаку, во вторник најавен е Централен одбор на СДСМ на кој би требало да биде констатирана оставката на Заев, а воедно и почната постапка за избор на негов наследник. Истото се очекува и за премиерската функција, но веројатно сето ова ќе се случи по 14-ти декември, кога ќе се знае дали државата ќе добие датум за меѓувладина седница со ЕУ или не. Заев оставките ги најави на 31 октомви, по завршувањето на вториот круг од локалните избори

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...