10.9 C
Ohrid
сабота, август 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Меѓународниот аеродром Скопје попладнето пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.

<

Како што појасни владината прес-служба, станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан.

– По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации, се наведува во соопштението.

Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Северна Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас. ...

„Занаетчиството – стара вештина со нова моќ за економијата

Збор два за занаетчиството За раздвижување на локалната економија потребни се гранки кои ќе ја задоволат корисноста на граѓаните со што услугите ќе бидат достапни...

Две 16-годишни ученички од Кичево загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Двете 16-годишни ученички, Ериона Рамадани и Албина Абази, од Школото за средно музичко образование „Дрита“ во Кичево, го загубија животот во сообраќајна несреќа со...

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец во Охрид.

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ во Охрид, после децениски проблем жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување. Наредната фаза...