16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа, новите градоначалници за еден месец почнаа со градба на...

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа, новите градоначалници за еден месец почнаа со градба на градинки, училишта, улици, спортски терени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По само еден месец откако завршија локалните избори, граѓаните може да ги видат промените и новиот пристап на работа од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

<

Почнаа да се реализираат голем дел од ветените над 14 илјади проекти во програмите за локалните избори.

Граѓаните се сведоци на секојдневните активности на градоначалниците се со цел подобрување на условите за живот.

За само еден месец се почна со изградба и реконструкција на десетици улици и булевари, водоводни и канализациони мрежи, како и други капитални проекти кои се од голема важност за граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека грижата за животната средина и намалувањето на загадувањето е еден од приоритетите за ВМРО-ДПМНЕ.

Во секоја општина се чистат големите депонии, се посадуваат голем број на садници и се зголемува шумскиот фонд, додека општина Аеродром почна со монтирање на фотоволтаици во основните училишта и дел од градинките.

Долгогодишниот проблем со кои се соочуваа граѓаните, легализација на нивните домови, започна системски да се решава. Доделени се илјадници нови решенија за легализација во повеќето општини, како Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Велес, Штип.

Во општина Битола при крај е изградба на трибината на фудбалскиот стадион „Под Тумбе кафе“, во општина Илинден во завршна фаза е новото основно училиште, додека во општина Аеродром се пушти во употреба целосно реконструиран спортски центар.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се во секојдневна комуникација со граѓаните, преку отворените денови во општините, како и преку средби во месните и урбаните заедници.

Народот ја даде довербата на последните локални избори за проекти и промени. Преку глава им е на граѓаните од лажни ветувања, неработење, криминал и корупција од Зоран Заев и СДСМ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...