12.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаДневната евтина струја би можело да се укине !!

Дневната евтина струја би можело да се укине !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владата планира да го менува моделот на евтината дневна тарифа на електричната енергија. Се разгледувала опцијата – да се укине евтината тарифа од 14 до 16 часот, и да се доделуваат субвенции за домаќинствата кои имаат проблеми со плаќањето на сметките. Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Економски магазин која ќе се емитува вечерва во 22 часот на Алсат. Одлуката ќе биде донесена најдоцна до 31 декември. Засега со сигурност останува евтината тарифа на струјата во ноќните часови, од 22 до 7 часот наутро, и 24 часа евтина струја за домаќинствата во недела.

<

„Разгледуваме две опции, да остане евтината тарифа во текот на денот од 2 до 4 часот или да ја зголемиме помошта за граѓаните кои имаат најмногу потреба и да го смениме моделот, значи, со директен систем на ваучер, средствата да ги трансферираме за потребите на домаќинствата кои ги имаат за да плаќаат сметките кои им доаѓаат за електрична енергија“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Граѓаните се противат на можноста за укинување на евтината струја. Оние кои Алсат ги анкетираше велат дека редовно ја користат оваа поволност и токму во тие два часа ги завршуваат домаќинските работи.

„Јас секојдневно ја користам, од два до четири, исто така и по десет часот. Перам пеглам готвам, мислам дека многу ќе биде трошокот бидејќи јас постојано ја користам евтината струја…“

„Најмногу ја користам навечер но ја користам и преку ден од два до четири. Правам Ручек, пеглам тоа време… “

„Готвиме тоа време, переме, бојлерот работи тоа време, ако се укине ќе плаќаме поскапа струја…

„Како не ја користам, ноќе греам, во тоа време готвам, кој не ја користи, сите ја користат. Ако и ова укинат незнам веќе каде да одиме. Јас да ви кажам гледам по сметката, греење имам на котле и тоа помага преку ден да биде топол станот, па пуштам околу два пак да се стопли“, реагираат граѓаните.

Бектеши ја потврди и информацијата која Алсат ја објави пред две недели дека цената на струјата ќе се зголеми до десет насто. Министерот најави дека псокапувањето ќе биде по Нова година.
Kurir

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...