26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Свети Климент е жив паметник на нашата историја

Заев: Свети Климент е жив паметник на нашата историја

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, до сите православни верници и до Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски, основоположник на македонската духовност и патрон на МПЦ – ОА, сподели премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

<

„Како еден од најблиските и најревносните соработници и учесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на словенските народи, останал доследен на обврската што ја чувствувал да ги продолжи мисијата и делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.

Свети Климент, како голем човек и силна личност, е жив паметник на нашата историјата и како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“. Записите велат дека низ оваа школа минале околу 3.500 ученици. Тоа е импозантен број за тогашните, а секако и за денешните времиња.

Тоа сведочи и за исклучителните организациски, но и обединувачки способности на светиот учител од Охрид во духот на христијанското заедништво.

Со Свети Климент Охридски се поврзани и почетоците на македонската писменост и јазик, и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта.

Нека е честит големиот празник во чест на Св. Климент Охридски. Сите да сме здрави, спокојни и паметни, и да нѐ крепи неговото дело кога ги градиме духовните вредности, како темелни вредности на оваа и на сите генерации кои го даваат својот придонес во изградбата на толерантно и демократско општество за сите во нашата убава држава, Република Северна Македонија“, додава Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...