23.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонија57-годишен охриѓанец на лесен начин сакал да заработи 300.000 илјади евра !!!!

57-годишен охриѓанец на лесен начин сакал да заработи 300.000 илјади евра !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да изврши неовластено пренесување на дрога и во близина на место викано „Ушине“ од албански државјани преземал пет големи платнени торби во кои имало марихуана во различни пакувања, во вкупна количина од околу 100 килограми.

<

Денеска (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра.

Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да изврши неовластено пренесување на дрога и во близина на место викано „Ушине“ од албански државјани преземал пет големи платнени торби во кои имало марихуана во различни пакувања, во вкупна количина од околу 100 килограми.

По ова З.С. се упатил по регионалниот пат Св.Наум кон Охрид, со намера дрогата неовластено да ја пренесе од Охрид за Скопје и поради финансиски долг да ја предаде на купувачи. Во 04.30 часот од страна на полициски службеници возилото било сопрено и при извршен преглед дрогата била пронајдена и одземена, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Во координација со Јавен обвинител, СВР Охрид поднесе кривична пријава до ОЈО Охрид против З.С. од Охрид, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...