9.9 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаМакедонијаЛиска некогаш беше напуштено кученце, а сега ќе живее во домот на...

Лиска некогаш беше напуштено кученце, а сега ќе живее во домот на градоначалникот Ѓорѓиевски.

Лиска доби дом. Ова некогаш напуштено кученце, од денес ќе биде згрижено од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Кученцето го донесе новиот директор на ЈП “Лајка”, Војислав Димитровски, со кој градоначалникот имаше работна средба. Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега, беа главните теми на кои разговараа соговорниците.

Ѓорѓиевски потенцираше дека до Општината често пристигнуваат пријави за бездомни кучиња и изрази надеж дека двете институции ќе изнајдат заедничко решение кое ќе значи добросостојба и за жителите на Кисела Вода, но и за уличните животни.

Директорот на ЈП “Лајка”, Димитровски информираше дека само во изминатата година од територијата на општина Кисела Вода се направени 148 налози за заловување на кучиња и дека тој интензивно работи на надминување на овој проблем. Ќе се оствари соработка со скопските здруженија за заштита на животните, со општините, со Град Скопје, како и со сите други релевантни институции и добронамерни граѓани, со цел кучињата да се заловат, потоа да се третираат и стерилизираат и на крај да се вдомат во семејство каде ќе бидат сакани. За почеток, во овој прв период се работи на вдомување на кучињата коишто се заостанати во прифатилиштето, со цел да се отвори капацитетот на прифатилиштето за што поголем број на кучиња скитници-потенцираше Димитровски.

Од денес, Лиска ќе добива љубов, грижа и нега во семејството на градоначалникот Ѓорѓиевски. Таа беше едно од 40-тината кучиња кои се подготвени за вдомување во „Лајка“ и чекаат да добијат дом.

Општина Кисела Вода ги повикува сите љубители на животни дека доколку сакаат да вдомат куче, можат да аплицираат на [email protected]. Апелираме и до сите наши жители, доколку забележите агресивно куче во своја близина, пријавете на [email protected].

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...