4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректор на училиште си ја вработил ќерката како библиотекарка

Директор на училиште си ја вработил ќерката како библиотекарка

spot_img

Државната комисија за спречување корупција на денешната 57-ма седница информираше дека директор на основно училиште во Општина Теарце ја вработил неговата ќерка како библиотекар во истото училиште.

Од ДКСК наведоа дека ќе поднесат иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце за разрешување на директорот, а за него поведување на прекршочна постапка за неииземање при потпишување на договорот и за непријавување на вработување на блиско лице до Комисијата.

Од ДКСК наведоа дека ја прибавиле целата потребна документација, при што утрдиле дека навистина станува збор за ќерката на директорот на основното училиште и оти постои основа за прекршочна постапка, како и за иницијатива за негово разрешување.

– Ние се обративме до посоченото основно училиште во Општината, каде што ја побаравме документацијата и како е спроведена постапката во врска со вработувањето на библиотекарот. Ги доставија сите потребни документи. За тоа работно место било пријавено само едно лице и Училишниот одбор предложил тоа лице да биде вработено затоа што немало никаква конкуренција, односно согласно јавниот оглас и биле исполнети условите. Но, бидејќи во пријавата се наведува дека се работи за ќерка на директорот, се обративме до директорот и за конкретното лице побаравме изјава дали е во сродство или не. Тој ни достави нотарска изјава каде што изјавува дека лицето е блиско лице, односно негова ќерка. Претходно не ни беше доставен договорот за работа, па го побаравме и утврдивме дека тој го потпишал – наведоа од ДКСК.

Од анализата, од ДКСК предложија да се достави иницијатива до градоначалникот на Општина Теарце да се разреши директорот од функција, да се бара одоговорност и да се поведе прекршочна постапка против директорот бидејќи не се изземал од постапката за вработување на неговата ќерка, односно при потпишување на договорот не се изземал и за непријавување за вработување на блиско лице до ДКСК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...