15.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонија"Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари

“Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари

Над 20.000 луѓе ја дознаа вистинската плата за својата работа. Те интересира платата за твоето работно место?Дознај повеќеНе ме интересира
„Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари
Насловна › Вести › Актуелно › „Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен…24.12.2021
Одбери категорија
„Макпетрол“ ги награди вработените со новогодишен бонус од 30.000 денари
Трудољубивоста и професионалноста се карактеристики коишто се исклучително ценети, без коишто успесите и напредокот не се можни, поради што „Макпетрол“ постојано ги наградува своите вработени и редовно го проширува тимот со најквалитетниот кадар

Сето ова е дел од долгорочната стратегија на компанијата.

– Изминативе две години, откако светот го зафати пандемијата со Ковид-19, којашто потоа се прошири и во економската и во енергетската сфера, условите за работа во речиси секој општествен и бизнис сектор се навистина отежнати. Можам со гордост да кажам дека сите овие предизвици ние ги пребродуваме полесно, најмногу поради исклучителниот кадар со којшто располагаме. За сето ова време, нашите вработени со нагласена професионалност и сестрано залагање помогнаа друштвото да ја зацврсти лидерската позиција на пазарот со нафта и нафтени деривати – вели директорката на одделот за човечки ресурси во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска.

Во изминативе 12 месеци, „Макпетрол“ продолжи со имплементација на решенија коишто на сегашните, но и на новите членови на тимот им овозможуваат професионално да напредуваат и да се развиваат. И покрај вонредните услови за функционирање на целиот бизнис сектор, предизвикани од светската пандемија, на компанијата ѝ се приклучија 150 нови вработени.

„Макпетрол“ ја заокружува 2021 година задоволен од доброто работење на компанијата. Имајќи ги предвид отежнатите услови за работа, предизвикани од светската пандемија на вирусот Ковид-19 и исклучителните залагања на вработените за извршување на работните обврски, „Макпетрол“ АД Скопје исплати регрес на сите вработени во вредност од 30.000 денари, како и дополнителен новогодишен бонус исто така во вредност од 30.000 денари.

Компанијата распредели вкупно 85.250.000 денари од годишната добивка, со што секој од вработените доби паричен износ во просек од 60% од нивната плата.

Со цел полесно и поефикасно справување со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, „Макпетрол“ во соработка со Министерството за здравство организираше вакцинација за сите вработени. Компанијата воведе и практично имплементираше здравствени протоколи чија функционалност се потврди со фактот што досега, во рамки на колективот, не беше создаден ниту еден кластер на заразени.

„Макпетрол“ и во 2022 година ќе продолжи да ги имплементира своите досегашни општествено одговорни практики, но и активно ќе бара решенија со коишто истите ќе бидат надградени и унапредени, со цел обезбедување што поголема поддршка на заедницата, како и на вработените во компанијата.

Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и истата претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ АД – Скопје

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...