14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Струга одбележани 80 години од првото пеење на химната "Денес над...

Во Струга одбележани 80 години од првото пеење на химната “Денес над Македонија се раѓа”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Струга одбележа осум децении од првото пеење на химната на Македонија.

<

Струшките родољуби на Новогодишната ноќ во 1942 година во куќата на Сотир Шута за прв пат ја отпеале „Денес над Македонија се раѓа“.

Државната химна е напишана во 1941 година од стружанецот Владо Малески, таа денес е единствениот национален симбол на Асномска Македонија создадена во 1944 година.

„Тоа се случило спонтано на дочекот на Новата 1942 година тогаш напредната младина на Струга , меѓу кои имало и скоевци и комунисти се договориле тоа да го направат помасовно, но сепак во илегала. И тогаш Владо Малески авторот на химната за прв пат ја отпеал химната, тоа било големо воодушевување“, вели професор д-р Сашо Цветкоски.

И после осумдесет години од интрепретацијата на македонската химна, денес Македонците повторно се борат за своите правдини, велат потомците на Малески.

„Повторно ја бранат не само посебноста на македонскиот јазик и националност туку и правото на нив пред се од оние кои ни беа сојузници против оние кои не поробуваа , не угнетуваа и условуваат. Затоа ние слободоумните стружани се собравме денес тука да оддадеме почит на овој важен историски настан“, рече Снежана Николовска потомок на родот Малески.


На секои десет години стружани се присетуваат на овој значаен историски настан со полагање на цвеќе пред спомен плочата посветена на македонската химна, поставена на местото на куќата од Шута во центарот на Струга.

Новинар Соња Рилковска ОхридНет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...