13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаАвстриските пожарникари кои летото ги гаснеа пожарите во Македонија, испратија пакетчиња за...

Австриските пожарникари кои летото ги гаснеа пожарите во Македонија, испратија пакетчиња за децата во Пехчево

spot_imgspot_img

Децата од Пехчево добија новогодишното изненадување од австриските пожарникари, кои изминатото лето учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата, јави дописникот на МИА.

Испраќајќи им подароци и пакетчиња, пожарникарите од Австрија на најмалите им ја честитаа Новата година со желби никогаш да не се повтори она што се случи летово кога изгореа илјадници хектари шума во Пехчевско и Беровско.


Фото: МИА
„Тоа се луѓе со огромни души, луѓе спремни да се жртвуваат, хумани луѓе, херои на денешницата. Со испраќањето на овие подароци пожарникарите покажуваат дека пријателствата кои ги стекнаа ќе траат вечно. Им благодариме за сè“,

вели пехчевецот Александар Бојчевски.
Еден од пожарникарите, Маркус Еберхарт, со фотографија од противпожарно возило преку социјалните мрежи најави поддршка за градот Пехчево.

„Здраво луѓе на Пехчево, ви посакувам Среќна нова година и ви давам мал поглед на она што ќе се случи во 2022 година. Повеќе информации за донацијата ќе соопштиме наскоро“,

истакна Еберхарт.
Австриските пожарникари за време на пожарите летото 2021 година, дојдоа да помогнат во гаснење, а беа стационирани на Градскиот стадион во Пехчево.

СПОДЕЛИ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...