22.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаХазби Каба – затвореникот болен од рак кој почина во ќелија чекајќи...

Хазби Каба – затвореникот болен од рак кој почина во ќелија чекајќи дозвола да умре дома

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Газби Каба, државјанин на Албанија, влегол во затворот Идризово во август 2020 година каде требало да помине 7 години откако е осуден за трговија со дрога. Набрзо се разболел од канцер, а болеста земала замав. Според податоците од повеќе институции, вака течеле неговите последни 40-ина дена.

<

5 ноември, 2021 година. Затвореникот Хазби Каба, болен од карцином во терминална фаза, поднесува барање за прекин на издржување на казната затвор.

8 ноември, 2021 година. Барањето, преку неговиот бранител, е испратено до судија за извршување санкции во Кривичниот суд во Скопје.

10 ноември, 2021 година. Барање од Каба стигнува и до Управата за извршување на санкции. Тие се обраќаат до Здравствен дом Скопје за да ги добијат медицинските податоци за лицето.

22 ноември, 2021 година. Барањето испратено до судот стигнува на мислење во обвинителството. Веќе следниот ден, надлежниот обвинител изготвува негативно мислење. Образложението е дека медицинската документација била поднесена како незаверена фотокопија.

6 декември 2021 година. Стигнува документацијата, односно мислењето на затворскиот доктор.

7 декември 2021 година. Судијата за извршување санкции го ослободува Каба на три месеци, но тој не може да излезе од затвор додека решението не стане правосилно.

9 декември 2021 година. Обвинителството се жали на одлуката на судот, бидејќи во решението недостасувале суштествени факти – каде и кога треба да се лекува осуденикот, дали тој воопшто има термин за лекување и операција.

19 декември 2021 година. Чекајќи конечна одлука за барањето поднесено пред 40 дена, Каба умира во својата ќелија во Идризово.

Од Управата за извршување на санкции, која е надлежна за затворите, не чувствуваат одговорност што Каба не дочекал да почине дома. Велат дека тие од почеток биле согласни да биде пуштен од затвор.
Пишува 360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...