8.4 C
Ohrid
сабота, април 19, 2025
ПочетнаСветПресврт во случајот Ѓоковиќ?: Тенисерот прележал ковид во декември

Пресврт во случајот Ѓоковиќ?: Тенисерот прележал ковид во декември

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австралискиот трилер околу Новак Ѓоковиќ продолжува. Тениската ѕвезда сѐ уште се бори за учество на Австралија опен. Неговите адвокати сега откриваат експлозивни детали, пренесува Дојче веле

<

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ добил потврда за медицински исклучок за влез во Австралија затоа што неодамна бил заразен со коронавирусот, соопштија неговите адвокати во судските документи.

Новак Ѓоковиќ имал прв позитивен  ПЦР-тест на 16 декември 2021 година стои во документите кои адвокатите ги предале во судот во Австралија.

Врз основа на тоа, српскиот тенисер добил медицински исклучок, кој на крајот не беше признат од австралиските погранични органи.

Ѓоковиќ барањето за медицински исклучок го поднел токму врз однова на прележан коронавирус кој во документите на Тенискиот сојуз на Австралија е наведен како валидна причина за медицински исклучок од вакцинирање.

Нему, сепак, по слетувањето во Мелбурн му беше поништена визата бидејќи немал соодветна медицинска документација, според мислењето на федералните власти.

Новак Ѓоковиќ имал прв позитивен  ПЦР-тест на 16 декември 2021 година стои во документите кои адвокатите ги предале во судот во Австралија.

Врз основа на тоа, српскиот тенисер добил медицински исклучок, кој на крајот не беше признат од австралиските погранични органи.

Ѓоковиќ барањето за медицински исклучок го поднел токму врз однова на прележан коронавирус кој во документите на Тенискиот сојуз на Австралија е наведен како валидна причина за медицински исклучок од вакцинирање.

Нему, сепак, по слетувањето во Мелбурн му беше поништена визата бидејќи немал соодветна медицинска документација, според мислењето на федералните власти.
<Новак Ѓоковиќ во западните медиуми важи за вакцинален скептичар” data-src=”https://static.dw.com/image/60366562_401.jpg” data-was-processed=”true” />Новак Ѓоковиќ во западните медиуми важи за вакцинален скептичар

Сега адвокатите на Ѓоковиќ работат на жалба да се поништи оваа одлука и се обидуваат да докажат дека српскиот тенисер ги следел правилата и упатствата кои ги добил од Тенискиот сојуз на Австралија и државата Викторија на чиј сајт и натаму стои дека прележан коронавирус е доволна причина за исклучок.

Токму поради сето ова Тенискиот сојуз на Австралија во медиумите беше обвине дека ги довел играчите во заблуда преку меморандум во кој се информирани дека неодамнешна инфекција со коронавирусот е валидна медицинска причина за ослободување од вакцинација.

Сепак, според австралиската влада, ова се однесува само на австралиските граѓани. Ова во ноември на Сојузот му го посочил и министерот за здравство.

Новак Ѓоковиќ сѐ до завршувањето на постапката ќе се наоѓа во хотелот за азиланти и ќе чека разрешување на својот статус откако по пристигнувањето во Мелбурн му беше одбиена визата.

Според најавите, тој ќе биде сослушан пред федералниот суд во понеделник по австралиско време. Тенискиот гренд слем турнир Австралија Опен започнува на 17 јануари и Ѓоковиќ на него сака да ја брани шампионската титула.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка сообраќајна незгода кај Кичево- Три лица се мртви другите патници итно се префрлаат во скопските клиники.

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид...

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...