12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЕкс премиерот Никола Груевски заедно со неговиот братучед, Сашо Мијалков фотографирани во...

Екс премиерот Никола Груевски заедно со неговиот братучед, Сашо Мијалков фотографирани во детските денови!

spot_imgspot_img

Екс премиерот Никола Груевски заедно со неговиот братучед, Сашо Мијалков фотографирани во детските денови!
Биографијата на екс премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, може да се најде на официјалната интернет страница на ВМРО ДПМНЕ, а Никола Груевски на невообичаен начин го опишува своето семејство и потекло.

Никола Груевски е роден во Скопје. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција, пишува Магазин.Мк.

Во времето на Југославија, неговите родители биле на привремена работа во Либија. Неговата мајка била испратена како медицински персонал, а во тоа време Груевски имал 4-7 години, што значи три години од неговото рано детство ги поминал во Либија.

Неговиот татко е доктор на науките во белградскиот Универзитет и пред тоабеше долгогодишен професор на Шумарскиот факултет на скопскиот Универзитет.

Надежда Груевска, мајката на екс премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и родена сестра на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија.

Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков“-пишува во биографијата на Груевски.
На Груевски секогаш му била важна улогата на неговиот вујко во неговиот живот и кариера.

Јордан Мијалков многу и помогнал на неговата сестра Надежда, откако таа се развела со таткото на Никола, кога тој бил уште многу мал!

На последните парламентарни избори, Никола Груевски застана во одбрана на неговиот вујко Јордан Мијалков и на еден митинг рече:

Така, слушаме од страна на извесен Слободан Богоевски поранешен разузнавач, и осуден човек за криминал, со излежана казна затвор во Идризово, разни квалификации за првиот министер за внатрешни работи на независна Македонија, Јордан Мијалков, лични навреди за него и неговото семејство и слично. Човекот ми е вујко и тоа е единствената негова маана во моментов и причина зошто беше споменат. Човекот е починат пред 25 години, пред точно 25 години. Значи, замислете, тие се занимаваат со човек кој починал пред 25 години и не може да им врати, не може да им одговори.

Сопругата на експремиер Никола Груевски Боркица и мајка му Надежда не се со него во Унгарија, тие се во Скопје заедно со неговите две ќерки.

Последен пат, експремиерот Никола Груевски со својата мајка Надежда во јавноста се појави кога го бранеше докторатот. Тогаш со него не беше неговата сопруга Боркица, но тука беа неговите две ќерки.

Во периодот 1995-1998 година работи како директор на одделот за „безбедност, планови и анализи“ во Балканска банка во Скопје.

Потоа продолжува како управник од Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонската берза. Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 12 декември 2006.

Груевски бил во брак со Сузана Арбутина, од која нема деца. По разводот со првата сопруга, во мај 2007 година се оженил со Боркица Груевска (моминско презиме Манчева), со која имаат две деца.

Извор: Магазин.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...