9.9 C
Ohrid
сабота, април 5, 2025
ПочетнаМакедонијаA1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено...

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено и од Ookla®

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Телекомуникацискиот оператор А1 Македонија, доби уште една потврда за најбрза мобилна мрежа во земјата, овој пат согласно податоците од корисниците добиени со Speedtest® на Ookla®, глобален лидер за мобилна и широкопојасна мрежна интелигенција.

<

Резултатот е добиен врз основа на повеќе од 60.000 тестови извршени од корисниците на сите мобилни оператори во Македонија од јули до декември 2021 година, а според кој мрежата на А1 Македонија покажа брзина – Speed ScoreTM 79.06.

„Speedtest® наградите кои ги доделува Ookla®, се резервирани за елитни номинирани оператори со исклучителни интернет перформанси и покриеност на пазарот. На А1 со големо задоволство и ја доделуваме наградата за Најбрза Мобилна Мрежа во Македонија. Ова признание го потврдуваат исклучителните перформанси во Q3-Q4 2021 година, врз основа на ригорозна анализа на кориснички-иницирани тестови на Speedtest® “, изјави Даг Сатлс, извршен директор на Ookla®.

За потсетување, А1 Македонија минатата година го доби истиот примат за најбрза мобилна мрежа на територијата на целата земја, од страна на Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК) каде во Националниот Извештај за 2020 година беше потврдено дека за преземање на фајл со големина од 10GB, А1 Македонија обезбедува брзина на пренос на податоци од 97 Mbps.

“Особено сум горд што добивме уште една потврда за квалитетот на нашата мрежа, која покрај досегашното признание од страна на АЕК доби афирмација и од страна на корисниците. На овој начин ја зацврстивме довербата на нашите корисници кои со А1 Македонија имаат сигурен и квалитетен провајдер на услуги, а истата таа доверба ни е особено важна токму пред новата ера на петтата генерација на технологии која е пред нас. Развојот на мрежата е жива материја и А1 Македонија како компанија никогаш не запира во инвестициите во мрежната инфраструктура, па така кога станува збор и за 5G можам да ги уверам корисниците на А1 дека ќе ја имаат најквалитетната мобилна услуга во земјата.” изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Во изминатите неколку години А1 Македонија инвестираше преку 33 милиони евра во модернизација и изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTE технологија, а само во 2021 година направена е инвестиција од над 3 милиони евра насочени кон надградба на базните станици.

*Врз основа на анализи од Ookla® Speedtest Intelligence® информации за Q3–Q4 2021. Ookla заштитниот знак се користи со лиценца и печати со дозвола.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ донесе одлука: ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без публика.

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика....

Ова не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа во Кочани

Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои...

Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР

Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба...

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

Со линеарното зголемување од 2.500 денари најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо...