18.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче Ангелов не предупредува: Карпа тешка над 20 тони виси во кањонот...

Стојанче Ангелов не предупредува: Карпа тешка над 20 тони виси во кањонот Матка и е опасност за браната

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЕВН Електрани веќе биле предупредени од алпинистите дека карпата е во нестабилна состојба. Заклучокот е дека карпата изгледа како да ја држи само триење, а ќе се набљудува и со дронови.

<

Во кањонот Матка над браната има нестабилна карпа со тежина од 20 тони на висина од 100-тина метри. Таа може да се излизга во секое време и да падне во водата, но и да повлече со себе лавина од други карпи и камења кои би можеле да го загрозат ѕидот на хидроелектраната, алармираше денеска директорот на Центарот за управување на кризи, Стојанче Ангелов.

Алпинистите веќе ги предупредиле надлежните од ЕВН Електрани дека карпата е во нестабилна состојба.

– Таа е долга од 6 до 8 метри кубни и тежи 20 тони, се наоѓа на висина од 100 метри. Се работи за голема кинетичка енергија. Кога оваа карпа би паднала во браната има неколку потенцијални правци на движење. Бидејќи самата карпа се наоѓа блиску до сртот и врз правецот можат да влијаат повеќе фактори. Воедно, при лизгањето на оваа карпа можат да бидат предизвикани лавина од други камења и карпи што би паднале најверојатно во водата во близина на ѕидот, но ние дополнително сакаме да ги провериме овие податоци. Падот би бил во непосредна близина на испустот, бидејќи карпата се наоѓа на самиот врв од гребенот, изјави Ангелов.

Директорот на ЦУК додаде дека карпата може таму да остане уште 100 години, но должност на центарот којшто тој го води е да ги извести релевантните институции.

– Нема место за кревање паника, но ја известуваме компанијата со чамците да не го користат местото блиску до браната. Ризикот е многу мал, но сакаме да делуваме превентивно, да не се користи овој дел од ѕидот на браната, истакна Ангелов.
Тој додаде дека од набљудувањето заклучиле дека карпата изгледа како да ја држи само триење, а ќе следува набљудување со дронови, по што институциите би излегле со конкретни мерки.

Тв Нова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...