29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаРЕК Битола испрати свои пожарникари за гаснење на пожарот во „Жито Битола“

РЕК Битола испрати свои пожарникари за гаснење на пожарот во „Жито Битола“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Две противпожарни возила и дваесет пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката „Жито Битола“. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за каква било интервенција, доколку има потреба од тоа.

<

РЕК Битола како општествено одговорна компанија во многу наврати учествува во различни акции за заштита на општественото добро. Противпожарната служба на комбинатот беше вклучена во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјата минатото лето, а претходно и во гаснењето на депонијата Мегленци во близина на РЕК Битола.

Согледувајќи ја важноста на противпожарната служба за комбинатот, како и за градот и државата, Синдикатот на РЕК Битола, каде членуваат пожарникарите од РЕК Битола, и менаџментот на комбинатот договорија осовременување на опремата што ја користат пожарникарите при интервенциите, како и на униформите што ги носат вработените во службата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...