25.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаПрвиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица

Првиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Џинот е популарен алкохолен пијалок кој својот специфичен вкус го добива од бобинки од смрека. Првично направен како медицински пијалак од монасите и алхемичарите во јужна Франција, Фландрија и Холандија, денес е популарен пијалaк со голем број варијанти и производители. Она што малкумина го знаат е дека смреката од Галичица е искористена во производството на првиот македонски џин! „Виновникот“ за ова е Иван Скендеровски, кој за Иновативност раскажа како настана првиот македонски џин.

<

„SMIDGIN е македонски крафт џин направен по традиционалната London Dry технологија. Во неговото производство покрај смреката и планински чај од Галичица учествуваат и 12 други билки од различни делови од Македонија. Од самиот почеток рековме дека за квалитетот ќе бидеме најстроги, па некои од поегзотичните билки кои вообичаено се неизоставен дел на секој добар џин како биберот, семки од коријанедер и кората од циметово дрво ги купувавме директно од Индија и Шри Ланка. Од таму доаѓаат најквалитетните билки од овој вид.

Идејата беше да направиме крафт џин кој што ќе биде во самиот врв на она што значи квалитет за овој тип на пијалок, но со препознатлив локален печат. И мислам дека го постигнавме тоа.“, раскажува Скендеровски како дошле до идеја да го направат првиот македонски џин.

„Почнавме да истражуваме и дознавме дека не само што ја имаме една од најдобрите смреки, туку голем број на познати светски брендови ја користат нашата смрека за нивните џинови. И така падна финалната одлука да почнеме со производство“, вели Иван и открива како паднала одлуката за „џинотеката“ да биде сместена во центарот на Скопје.

„Од самиот почеток фокусот ни беше на мала крафт џинотека. Голем број на светски познати крафт производители на џин се наоѓаат на уникатни локации, најчесто во центарот на градот, каде привлекуваат посетители и се дел од имиџот на компанијата. Затоа решивме нашиот џин да го произведуваме на уникатна локација во центарот на Скопје, во сутеренот на МЦМ-историската куќа на фамилијата Рубен, во Дебар Маало.“

После посета на голем број дестилерии и дегустации во Англија и Шкотска, заедно со нашиот мастер дестилер Милица Плетварска го креиравме рецептот на SMIDGIN.

Во однос на уникатноста на македонскиот џин, по што се разликува од другите веќе етаблирани брендови, Иван објаснува дека неспоредлив е вкусот што го даваат овие бобинки со вкусот што се добива од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека

„SMIDGIN има уникатен вкус кој произлегува од свежата рачно набрана смрека, која отстапува од стандардните суви смреки кои се продаваат на пазарот. Нашите бобинки ги собираме од смреки кои растат диво, во својата природна средина, на планините. Неспоредлив е вкусот што го даваат овие бобинки со вкусот што се добива од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека. Многу посвеж, поинтензивен и неспоредливо многу побогат со есенцијлни масла. Планинскиот чај извонредно ја надополнува оваа свежина и заедно со аромите и вкусовите на останатите цитрусни и егзотични растенија, џинот добива навистина посебен карактер. Амбалажата и форматот на шишето се уникатни, а пакувањето е од материјали кои се рециклираат и не ја загадуваат околината.“

SMIDGIN беше пласиран на кон крајот на декември 2021 и може да се купи onlinе преку веб страницата www.smidgin.mk, со избор да се подигне од дестилерија или достава до адреса. Исто така може да се купи и во најголем дел од специјализираните продавници за пијалоци. Во моментов се работи и на дистрибуција по баровите така да веќе од следната недела ќе може да се ужива и таму.

Целото интервју можете да го прочитате наИНОВАТИВНОСТ.МК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...