0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија да не се откажува од Македонското малцинството во Бугарија и да...

Македонија да не се откажува од Македонското малцинството во Бугарија и да бара реципроцитет од Софија

spot_img

На 28 јануари делегација составена од 8 претставници на една партија и 4 организации кои се застапуваат за правата на бугарските државјани со македонска свест и самоопределба, македонското малцинство во Бугарија се сретнаа со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

На средбата тие му ја дадоа својата заедничка писмена позиција и му изложија серија проблеми со кои се соочуваат тие, заедно со мноштво примери за систематската дискриминација и институционализиран говор на омраза против Македонците во Бугарија. Учесниците го искажуваат своето задоволство од средбата, која помина конструктивно во позитивен дух и дава надеж за почеток на нова пооптимистичка тенденција.

Присутни на средбата беа:

Стојан Георгиев – почесен претседател на ОМО “Илинден“-Пирин, кој лежел два пати по 4 години во бугарски затвор затоа што е Македонец. Партијата постои 24 години и е член на европската парламентарна коалиција Европска слободна алијанса, но само една година постоела како регистрирана партија во Бугарија и покрај спечалено дело во Стразбур така и не може да си врати регистрацијата.

Стојан Герасимов – претседател на Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, кој 5 години лежел поради својата македонска самосвест во бугарски затвор. Друштвото постои 12 години, има добиено повеќе од 20 откази да биде регистрирано независно што има спечалено дело во Стразбур.

Атанас Мазнев – претседател на Друштво за заштита на основни индивидуални човекови права и член на раководството на ОМО “Илинден“-Пирин. Друштвото е во процес на дерегистрација од страна на бугарскиот суд.

Иван Гаргавелов – претседател на друштво Антички Македонци, под истрага со цел забрана од страна на бугарската полиција.

Ангел Радонов – Претседател на Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија, кое постои 10 години, но и покрај добиено дело во Стразбур не може да добие регистрација.

Даринка Гаврилова Георгиева – претставник на жените во ОМО “Илинден“-Пирин

Георги Мангалов, член на ЦС на ОМО “Илинден“-Пирин

Став на претставниците на организациите на Македонците во Бугарија за средбата со Претседателот на Македонија Стево Пендаровски

Благодарни сме за можноста, што ни е дадена да ги претставиме проблемите, грижите и очекувањата на Македонците во Бугарија пред државниот глава на македонската република. За нас тоа е многу ретка можност и чест! Ние претставуваме различни организации кои независно од некои разлики во своите идеи сме обединети од тоа што ги претставуваме и штитиме правата и интересите на Македонците во Бугарија и работиме во рамките на идеите во Европската конвенција за правата на човекот и законите на Р Бугарија. Ние сме далеку од секаква форма на екстремизам и сепаратизам. Исцело ја поддржуваме евроинтеграцијата на Македонија и веруваме дека тоа треба да стане на рамноправна и достоинствена основа без штета за македонскиот идентитет.

Искрено ги поддржуваме добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија и сме убедени дека за да бидат вистински, добрососедски и трајни тие треба да бидат рамноправни и принципиелни, базирани на добра волја и меѓусебна почит, а не на уцена и стремеж кон доминација, како што се рпави за жал сега од страна на Бугарија. Затоа ние категорично го осудуваме ветото на Бугарија пред започнувањето на преговори за влегување во ЕУ на Македонија, како и барањата и претензиите против македонската историја, јазик и култура. Отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат преку примена на принципот на реципроцитет и заемна почит.

Како клучов проблем за нас, но исто така и за односите меѓу двете земи ние го гледаме тоа што индивидуалните права на припадниците на македонското малцинство во Бугарија се фундаментално нарушени. Самото постоење на малцинството категорично официјално се негира. Македонската самосвест и самоопределба без никоја разумна причина се третираат како национално предавство, антидржавна дејност и закана за единството и територијалниот интегритет на Бугарија. Ниту едно од правата предвидени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства не им е дадено на Македонците независно што истата е ратификувана од Бугарија.

Ние дури и немаме базично и фундаментално за демократијата право како тоа да создаваме и делуваме преку свои партии и организации, а исто така оние од нас кои имаат второ македонско државјанство немаат право да се кандидатираат на избори. Заради нашата етничка припадност ние сме постојан објект на говор на омраза, кој никогаш не се казнува и сме стигматизирани како непријатели на државата. Преку сето тоа сме систематски маргинализирани и исклучени од општествениот и политичкиот живот на земјата во која живееме. Нашите обиди да си ги бараме и штитиме правата преку бугарските институции константно се отфрлани и блокирани.

Бугарските власти одбиваат да започнат дијалог со нас за постоечките проблеми независно од редовните препораки кон нив за тоа од страна на институциите во рамките на Советот на Европа и 14 пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права. Претседателот Радев не само што нема прифатено ниту едно од нашите барања да не прими, но дури и не нема удостоено со било каков одговор.

Овие проблеми постојат веќе 32 години во демократска Бугарија. За жал тие никогаш официјално не се поставени од страна на македонските влади пред Софија. Ако ова прашање беше решено како што и требаше во 1998 г. кога Р Бугарија бараше почеток на преговори за членство во ЕУ, ниту македонското малцинство, а нито Македонија, денес немаше да бидат во положбата во која се наоѓаат.

Ние сме револтирани од барањата на Бугарија Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и дури да изјави дека такво не постои. Прифаќањето на такво скандалозно барање под било каква форма ќе значи раскин на врската меѓу македонската држава и македонското малцинство во Бугарија и во суштина – велепредавство.

Единственото правилно и достоинствено решение е и двете малцинства – македонското во Бугарија и бугарското во Македонија – да добијат идентични права согласно меѓународните стандарди за правата на малцинствата. Двете малцинства треба да се претворат во мост за зближување, а не причина за конфликт. Така ја гледаме ние својата ролја – како дел од решението, а не од проблемот.

Ние пледираме за активна позиција на македонската држава спрема македонското малцинство во Бугарија. Во таа насока Бугарија позитивен пример со својата грижа за Бугарите во Македонија, кој може да биде искористен од Македонија. Македонија исто треба да побара рехабилитација на Македонците репресирани во време на комунизмот од бугарската држава и отворање на бугарските архиви, како и да го поддржи расветлувањето и истражувањето на оваа тема.

Тезата дека застапувањето за правата на македонското малцинство претставува мешање во внатрешните работи во Бугарија е целосно неоснована, зашто од една страна правата на човекот не се ексклузивно внатрешно прашање на која и да било држава, а од друга – Бугарија отворено се меша во корист на Бугарите во Македонија. Тоа не би било и нарушување на нерамноправниот договор за добрососедство, зашто многу припадници на македонското малцинство во Бугарија имаат и македонско државјанство.

Би сакале македонската држава да одржува активна комуникација со македонските организации во Бугарија во рамките на меѓународно прифатените стандарди. Се надеваме оваа средба да сврти нова страница во односот на македонската држава спрема македонското малцинство во Бугарија и да стави почеток за нова позитивна традиција. Вие и претставниците на македонските државни институции исто како и бугарските сте секогаш добро дојдени како гости на нашите јавни манифестации во Бугарија. – стои во соопштението на ОМО “Илинден“-Пирин.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...