3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСо македонскиот иновативен мотор секое класично возило ќе го претвориме во електрично

Со македонскиот иновативен мотор секое класично возило ќе го претвориме во електрично

spot_img

Деновиве пред македонската јавност беше претставен „ЗАС Г20“,класичен автомобил „фиќо“, со електричен мотор. Овој проект реализиран од тимот на „ББ Класик Карс“, со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии, предизвика бројни реакции во македонската јавност. Затоа решивме да поразговараме со дел од тимот и да одговориме на прашањата: Што беше направено со овој проект? Дали електричното фиќо може да се купи и по која цена? Што понатаму?
Разговаравме со Ален Јегени, манаџер за продажба во „ББ Класик карс“
Разговараше – Верица Јорданова за Иновативност.Мк

„Поентата на овој проект е да му се даде живот на еден класичен автомобил. Класичен автомобил по дефиниција е автомобил кој е стар повеќе од 30 години. Во одредени држави се негува голем култ кон класичните автомобили, што е знак за нивната култура и технолошка напредност. Сите тие елементи недостасуваат кај нас и затоа има коментари од типот “па ова е фиќо“ , со доза на потценување. Постои посебна индустрија на класични автомобили за која постои понуда и побарувачка, резервни делови, алати итн. Ние со нашиот проект се вклопивме токму во тој сегмент

Од каде дојде идејата?

Љубовта на нашиот тим кон класичните автомобили датира многу одамна. Во 2007 година бевме иницијатори да се оформи здружение на љубители на олдтајмери во Македонија. Идејата дека треба да се оди кон производство електрични возила е општ и глобален тренд. Тренд во светот е многу земји законски да регулираат до кога ќе се произведуваат и употребуваат автомобили на фосилни горива. Исто така постојано се воведуваат нови форми на поддршка за корисниците на возила со електричен погон. Ние појдовме од идејата да им овозможиме на љубителите на класични автомобили да добијат електричен автомобил. Се работи за конверзија од еден на друг погон, при што иновативноста на целиот проект е во начинот на кој е направена целата таа конверзија. Не е само да се направи моторот. Потребни се многу други елементи за тоа да профункционира и со замена на моторот, класичните автомобили да станат навистина електрични.

Кажете ни повеќе детали за самиот мотор. Кој го развиваше? Каде е произведен?

Нашиот тим од експерти ја осмисли целата иновација и го конструираше електричниот мотор. За негово производство беше неопходно да најдеме партнер во странство затоа што кај нас нема такви производители. Затоа направивме соработка со германскиот производител на електро-мотори „Кеслер” со кој заеднички ги направивме елементите на моторот и дополнителните неопходни делови (батерии, контролори…).
Токму по тоа се разликуваме од сите досегашни обиди кои постоеле во Македонија, а во кои биле користени и адаптирани мотори од други возила. Зборуваме за прв реален производ кој не само што ќе ги задоволува стандардите на Македонија, за што поседуваме атест од македонски надлежен институт, туку добивме и германски сертификат за сообразност на тој електромотор.

ВОЗИЛОТО ИМА НУЛТА ЕМИСИЈА НА ЈАГЛЕРОДЕН ДИОКСИД, ДОСЕГ СО ЕДНО ПОЛНЕЊЕ ДО 150 КИЛОМЕТРИ ВО РЕАЛНИ УСЛОВИ НА ВОЗЕЊЕ, КАКО И МАКСИМАЛНА БРЗИНА ДО 130 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС

Станува збор за возило кое е целосно во употреба. Сега веќе знаеме како тоа да го претвориме во сериско производство. Ние сме целосно подготвени секој класичен автомобил да го претвориме во електричен. Овој мотор со одредена адаптација може да се вгради и во други возила. Германската компанија каде што го произведовме моторот е специјализирана за производство на електро-мотори. Истата таа компанија отвори фабрика во Македонија па се надеваме дека во иднина овие мотори ќе се произведуваат овде.
Основна дејност на нашата компанија е да направиме реставрација на стари, класични возила. Во овој момент освен овој прототип, нарачи се уште 5 мотори, односо сетови за уште пет автомобили.

Кои се идните планови? Каков е засега интересот за конверзија на класични автомобили на електричен погон?

Јас сум голем оптимист затоа што голема предност за нас е тенденцијата во светот се повеќе да се бараат и користат електрични возила. Прва потврда дека сме на вистинскиот пат ни е саемот во Италија каде што сите кои го видоа автомобилот покажаа интерес.

Секако дека сите ги интересира и цената на едно вакво возило!

Цената за реставрацијата на автомобилот е една ставка. Ние сме единствени во Македонија кои правиме реставрација на класични автомобили по светски стандард. Тоа си има цена. Втората ставка е самиот мотор, батериите и сите останати компоненти. Оваа цена не зависи од нас. Во моментот цените се високи, но кога ќе се направи анализа на трошоците кои нема да ги има идниот корисник (масло, потрошен материјал), и ако се земе цената на електричната енергија која се користи за да се наполнат батериите – за неколку години инвестицијата се исплатува. Но, најголема предноста од користењето на електричните автомобили е незагадувањето на животната околина.
Во моментот нашите автомобили се за 5000 евра поевтини од најевтиното европско електрично возило како што е Смарт двосед кој чини 25.000 евра. Оваа цена се однесува на целосна реставрација на возилото и негова конверзија на електричен погон.
Во моментов едно возило, електрично Фиќо е целосно завршено и е во возна состојба, а уште 5 се во фаза на подготовка.
Извор: Иновативност.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...