Планинари се изгубиле во близина на границата Македонија-Косово на Шар планина.
Според Дирекцијата за заштита и спасување еден од планинарите е повреден и заедно со останатите се наоѓаат над селото Вешала, на патека што води кон врвот Кобилица.
Реагирала тетовска подрачна единица на Екипата за брз одговор за спасување од планина при Дирекцијата за заштита и спасување.
Еден од планинарите бил повреден и нему му е извршено брза санација на коленото.
Јавува Тв21