22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаИстече рокот: Ќе се урива минарето на џамијата во Злокуќани

Истече рокот: Ќе се урива минарето на џамијата во Злокуќани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изминуваат 15-те дена кои Општина Карпош им ги даде на верниците во Злокуќани сами да ја урнат бесправната градба на џамиското минаре. Подготовките се во тек, изјави за НоваТВ секретарот на скопското муфтивство Неџми Ферати.

<

– Имавме средба со џамискиот одбор и се договоривме да се урне минарето бидејќи е правено без дозвола за градба. Се сретнавме и со верниците им кажавме и се договоривме да нема тензии и да се урне минарето, изјави Ферати за НоваТВ.

Пред неполн месец мештаните на Злокуќани алармираа дека во нивното соседство буквално, како што изјавуваа, преку ноќ се издигнало минаре и дека тоа нема да го дозволат дотолку повеќе што верниците кои го посетуваат и се населени околу објектот, за греење употребуваат неконвенционални материјали од гуми до стар паркет кои пуштаат отровни материи во воздухот од што ги печело во очите и грлото.

По овој аларм од мештаните, на терен излегоа од урбанистичкиот инспекторат на Општина Карпош, при што утврдија дека општината не им издала дозвола за градба на минарето, по што им беше издадено решение сами да го срушат бесправниот објект во рок од 15 дена и дека доколку не се случи тоа, ќе го известат државниот инспекторат за градежништво.

Што се однесува пак за џамијата во Средно Нерези, секретарот на скопското муфтивство Ферати во разговорот за НоваТВ не сакаше да зборува ништо.

– Сега зборуваме за минарето во Злокуќани, ни рече Ферати во телефонскиот разговор.

Инаку од инспекторатот на Општина Карпош неодамна известија дека постапката за рушење на објектот во Средно Нерези е започната уште во јуни минатата година и дека веќе било издадено решение за отстранување на градбата. Јавува: Тв Нова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...