16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПoскапува Такси превозот во Битола.

Пoскапува Такси превозот во Битола.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Битолчани во наредниот период ќе плаќаат поскап такси превоз, откако мнозинството во Советот на Општина Битола гласаше за поскапување на услугата.
Така, на пример, за најблиската релација до 3 км, граѓаните досега плаќаа 90 денари, а сега ќе плаќаат 110 денари. Претходно стартот беше 30 денари, а секој километар се плаќаше по 20 денари.

<

Според новиот тарифник стартот со вклучен еден километар ќе чини 60 денари, а за секој нареден километар ќе се плаќаат 25 денари. Чекање во траење од еден час ќе чини 300 денари.

Поскапувањето на такси превозот предизвика бурни реакции во битолската јавност, па и на денешната расправа во Советот на Битола. Од негодување за поскапувањето, па сѐ до поддршка за лиценцираните такси превозници.

„Во овој момент ние не можеме да опстоиме. Тргнете од вас дека вие нема да работите 30 дена во месецот. Ние не сме членови на никакви други комисии за да имаме дополнителни примања. Живееме од таксито. Ако планираме ова да го работиме треба вие да го почитувате тоа и ние да опстоиме. Доколку не го прифаќате поскапувањето принудени сме да ги затвориме фирмите и да станеме диви таксисти. Табличките во багажникот и толку“, рече лиценциран таксист од Битола кој заедно со група таксисти го чекаа исходот од расправата на седницата на Совет, дали ќе се одобри поскапувањето на такси превозот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...