13.9 C
Ohrid
недела, мај 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанката Пале која во самоодбрана уби полицаец ќе одговара за убиство на...

Велешанката Пале која во самоодбрана уби полицаец ќе одговара за убиство на миг- еве колкава казна може да добие според Кривичниот законик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Oсновното јавно обвинителство поднесе обвинение против 23-годишна велешанка за кривично дело – убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик, која според информациите, во самоодбрана го убила својот сопруг кој физички ја малтертирал, вработен во МВР.

<

За ова кривично дело убиство на миг за кое му се судеше на обвинетиот предвидена е затворска казна од 1 до 5 години. Член 125 вели дека тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Убиството се случило на 29.09.2021 година како последица на семејно насилство, откако таа го убила лицето А.Р., со кого живеела во вонбрачна заедница.

„Откако вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот“, се вели во соопштението на ОЈО.

Оттаму информираат и дека бидејќи постоеле знаци на опасност од бегство на обвинетата, заедно со Обвинителниот предлог бил доставен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор определена за обезбедување на присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.​​

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиство во Србјани кичевско: Со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката се е во нконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“. Околу...

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Долготраен притисок и закани Шокантен случај на уцена и психолошка тортура во основно училиште во Скопје. Малолетна ученичка од скопската населба Бит Пазар била жртва...