3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПравото и светата должност да се чествува Гоце Делчев им припаѓа само...

Правото и светата должност да се чествува Гоце Делчев им припаѓа само на Македонците – отворено писмо од група интелектуалци

spot_img

Група македонски интелектуалци со отворено писмо реагираат до македонската јавност, уште еднаш, како што пишуваат, по повод „заедничката историја“ и заедничкото чествување на Гоце Делчев на Македонија и Бугарија. Го пренесуваме во целост

„Во повеќе наврати преку медиумите го искажавме нашиот став околу Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, кои се асиметрични и на штета на македонскиот национален идентитет. И покрај укажувањата, политичките гарнитури водат своја агенда, која полека, но сигурно води кон рекомпонирање на македонскиот идентитет и на сите негови чинители – јазикот, културата и колективната меморија. Се уморивме од постојаните реакции и укажувања дека владејачката политичка структура води анационална политика, додворувајќи ѝ се на Бугарија и прифаќајќи работи кои ниту една држава во светот не би ги прифатила, а кои водат само кон сопственото разнебитување. Во тој контекст, деновиве добивме информација од бугарската страна за одлуката за „заедничко чествување на Гоце Делчев“. Од македонска страна – сѐ уште молк. Кон ова треба да се додаде и барањето за постигнување согласност и прифаќање на некаква „заедничка бугарско-македонска историја“, кое излегува надвор од научните рамки на историската методологија.

Барањето за „заедничка историја“ е во спротивност со правото на самоопределување на секој народ кој има сопствена колективна меморија, која никој не може да ја избрише. Историјата и нацијата не се создаваат со декрет. Македонскиот народ има своја долга колективна меморија, свој јазик, традиција и култура, кои произлегуваат од неговото многувековно постоење. Личностите и настаните што оставиле печат во меморијата на Македонците, поколенијата ги чествуваат со особена гордост, пренесувајќи им го тоа и на идните генерации. Во овие рамки е и чествувањето на Гоце Делчев, апостолот на македонското револуционерно движење, кој се жртвува за слободата на Македонија и кој им припаѓа на Македонија и на македонскиот народ.
За да чествувате нешто заедно, треба да ве спојува заедничка историја и заедничка идеја. А бидејќи македонската и бугарската историја и идеја се две различни истории и две различни идеи, не може да стане збор за заедничка историја.

Токму затоа, правото и светата должност да се чествува Гоце Делчев како Македонец кој се борел за автономна македонска држава во рамките на Османлиската Империја, како чекор кон создавањето независна држава на македонскиот народ, им припаѓа само на Македонците. Тоа треба секој да го почитува и да го прифати. Делегација од која било земја, па и од Бугарија, во рамките на официјалниот македонски протокол, може да дојде и да положи венец или цвеќе на гробот на Гоце Делчев, изразувајќи почит кон еден од најголемите национални јунаци, чие место е исклучително во колективната меморија на Македонците и чие име се пренесува од генерација на генерација. За такво нешто не може да стане збор во врска со бугарската колективна меморија.
Се поставува прашањето што, во суштина, би чествувале заедно!?

Бугарското чествување би било во духот на досегашните изјави како од политичките така и од научните кругови дека Гоце Делчев е Бугарин и дека се борел за реализирање на Санстефанска Бугарија, т. е. Македонија како дел од бугарската држава. Се поставува прашањето: ШТО Е ТУКА ЗАЕДНИЧКО? НИШТО! Сето тоа е дури и навредливо, бидејќи на тој начин од „домаќините“ – од нас Македонците – се бара во сопствената земја да слушнеме како Бугарија не го признава нашиот идентитет, јазикот, културата и нашата колективна меморија. Уште повеќе – тоа значи дека го прифаќаме фактот дека седумдесет години сме живеле во заблудата дека сме однародени Бугари, кои се продукт на комунистичкиот систем на поранешната Титова СФРЈ и создадени и измислени со декрет. Поголема историска и политичка перверзија од оваа не постои во светот!
Дали „заедничното чествување“ е аминувано од страна на македонскиот дел од Комисијата за историски прашања и образование и е резултат на работата на двете комисии за да ѝ се угоди на политиката?!
За жал, политиката повторно ја презема диригентската палка за историските прашања во свои раце (а, нели, таа не се меша во работата на комисиите!) и донесува политичко-историски одлуки, кои немаат никаква научна оправданост. Наместо историјата да им се остави на историчарите (и за неа да се расправа таму каде што е место: на научни собири, конференции, дебати), македонските политичари, на кои, секако, им се брза, а притоа се и сервилни кон бугарските барања, не почитувајќи ја историската методологија, диктираат што и како ќе се чествува.

И тоа сѐ поради уцените од Бугарија! Без никакво објаснување и без одговор, како од сервилните политичари така и од членовите на македонскиот дел од Комисијата. Тие молчат, како и обично, додека се реализира бугарското сценарио – целосна распродажба на сето она што е обележје на македонската национална, културна и јазична посебност.
Уште еднаш, по којзнае кој пат, повторуваме: оставете им ја историјата на историчарите! Како политичари, правите само поголема штета како резултат на вашето незнаење. Не понижувајте ја сопствената историја и не потценувајте ги македонските историчари! Генерации македонски, и не само македонски, научници наназад оставиле трајни сведоштва за македонската опстојба низ вековите. Сето тоа е преточено во томови монографии, зборници на документи, во илјадници статии објавени во домашни и во странски списанија. Тие донесуваат значајни факти за историскиот развој на Македонците како народ со свој идентитет, јазик, култура и колективна меморија. Тоа никој и никогаш не може да го избрише! Сето друго е политиканство за реализирање на одредени цели. Тоа книжно богатство ќе остане како вечен паметник на милиенумското постоење на Македонците во различни историски периоди.

И не нѐ засега ако некој не може да се соочи со тоа! НИЕ СМЕ ТУКА, ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО МАКЕДОНЦИ СО СВОЈ ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, КУЛТУРА И КОЛЕКТИВНА МЕМОРИЈА! МИЛЕНИУМСКОТО ПОСТОЕЊЕ ПРОДОЛЖУВА… Сето она што би го направиле некакви комисии нема да има никакво влијание врз развојот на македонската научна мисла, а македонизмот, како и многупати во историјата, ќе ги надживее сите негирања и негатори.“

Александар Атанасовски
Виолета Ачкоска
Венко Андоновски
Коста Аџиевски
Валентина Божиновска
Илија Велев
Јованче Донев
Никола Жежов
Катица Јосифовска
Верица Јосимовска
Нада Јурукова
Наташa Котлар
Татјана Каракамишева
Благоја Марковски
Михајло Миноски
Константин Миновски
Ицо Најдовски-Перин
Соња Николова
Митко Панов
Маја Ангеловска – Панова
Александар Русјаков
Бранислав Светозаревиќ
Тодор Чепреганов
Ѓорѓи Чакарјаневски
Тони Филипоски
Теон Џинго
Мишко Нетков
Кирил Јордановски
Валентина Миронска
Марјан Ивановски
Гоце Панговски
Елка Јачева Улчар
Игор Улчар
Велика Стојкова Серафимовска
Дарко Русевски
Катерина Тодороска
Билјана Ванковска
Наде Проева
Ристо Никовски
Богдан Богданов
Снежана Филипова
Емилија Ватерс
Рајна Бадева
Тамара Јованов Апасиева

Новица Велјаноски
Славчо Ковиловски
Оливер Ромевски
Наташа Спирова
Митрополит Агатангел
Ефтим Клетников
Драги Митревски
Ристо Ачковски
Цветан Гавровски
Константин Димитров
Лилјана Димитрова
Тихомир Стојановски
Гоце Георги Дуртаноски
Ана Дукоска
Фима Клетникова
Благојка Филипчева
Иванка Василевска
Ели Милошевска
Александар Шуплевски
Горан Павловски
Наташа Илиевска
Александар Дамјановски
Лилјана Гушевска
Елизабета Димитрова
Антонио Јакимовски
Ана Никодиновска Крстевска
Марјан Попов
Дејан Цветановски
Зоран Стојановски
Ѓорѓи Малковски
Петре Георгиевски
Љупчо Коцарев
Благица Петковска
Гоце Цветановски
Стеван Алексоски
Мимоза Серафимовска
Ангеле Михајловски
Кирил Цацков
Фана Ристеска
Горанчо Јакимовски
Дејан Петрески
Христијан Петрески
Марија Мицајкова Панова
Милена Ристова Михајловска
Оливер Цацков
Наталија Ацеска
Роберто Ацески
Диме Јуруков
Слободанка Филиповска
Марина Наумоска
Александар Панов
Кире Николоски
Лидија Николоска
Ѓорѓи Серафимов
Боге Петрески
Адмир Мусаи

Катерина Алексоска
Перо Милевски
Нада Илиева
Крсте Бојчевски
Гоце Мавчев
Илија Дренковски
Билјана Чакароска
Владо Чакароски
Јован Јованов
Верка Јованова
Милева Ѓуровска
Голупка Нечевска-Цветановска
Виктор Христовски
Марија Ралева
Перица Цветановски
Јане Богданов
Марјан Јованов
Димитар Апасиев
Александар Шулевски
Ванчо Кенков
Валериј Софрониевски
Адела Ѓорѓиоска
Тони Димитров
Јасна Котеска
Гоце Пероски
Михајло Поповски
Антоанела Петковска
Ивица Васев
Гордана Богоева-Гацева
Дарија Андоновска
Јован Лазарев
Димитар Џундев
Кирил Добрушевски
Ивица Боцевски
Мими Ристевски
Трајче Стојанов
Ристана Рина Николова
Лидија Симовска
Илинка Митковска
Мите Малинов
Виолета Толевска
Лилјана Стоилковска
Хермина Јанева
Есма Амети
Јане Данилов
Тина Ѓоргиев
Спасенија Боева
Васкресија Боева
Величе Мицеска
Силвана Мишкова
Соња Акимовска–Мославац

Добрила Акимовска
Илинка Русевска
Мирјана Русевска
Елизабета Тасевска
Олгица Бошњаковска
Киро Ангелов
Нада Андова
Марија Новковска
Катерина Димитријевиќ
Далибор Ангелов
Офелија Коруноска
Цветанка Везироска
Ивана Тасевска
Надица Кекиќ
Билјана Јакимовска
Венцо Ристов
Марија Мајновска
Анче Димитријевиќ
Љиљана Тасевска
Сане Гичев
Борка Јорданова
Розета Манева
Катица Ангелова
Тања Ристова
Валентина Коцева
Тина Петрова
Дивна Зафирова
Весна Малинова
Лазар Мишков
Венцо Мишков
Тоде Тасев
Розита Христовска
Димитар Морарцалиев
Извор: НоваМакедонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...