17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПолковникот Драган: Специјалците упаднале во Грчец само да констатираат дека немало фискална...

Полковникот Драган: Специјалците упаднале во Грчец само да констатираат дека немало фискална каса?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полковникот Драган Ковачки реагира дека специјални сили упаднале во озлогласеното село Грчец, но не за да уапсат наркобос, туку да констатираат дека нерегистриран угостителски објект не поседувал фискална каза.
Полицајци од Бирото за јавна безбедност и Единицата за брзо распоредување, заедно со УЈП и пазарниот инспекторат, синоќа на полноќ го затвориле угостителскиот објект на наркобосот Шевељ Муареми во Грчец. МВР објави дека кафеаната не била регистрирана, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19 и е запечатена со издадени глоби. Имало присуство на тројца малолетници, а кај едно лице е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР. Шеваљ Муареми е во бегство, а неговото име е претходно поврзано со пукањето во хотелот Александар Палас.

<

„Минатата година правеа акција “Планина” во с. Грчец. Требало да се апсат нарко босови. Акцијата пропадна поради нејзино пробивање од највисоките кругови во МВР. Така барем тогаш изјави ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Одговорност не понесе никој.
Денеска повторно правеле акција во с. Грчец. И денеска отишле со Специјалци од МВР, инспектори од пазарна, трудова итн. Што е исходот?
Нашле неколку малолетници во угостителски објект, објектот немал фискална каса, а кај едно лице пронашле нож.

Па добро бре министре Спасовски, до толку ли не ве бива или си правите забава за народ? Има ли смисла да се трошат толкави средства за дневници, гориво, да се малтретираат специјалци за да констатирате дека објектот немал фискална каса?!!
На што ја сведовте елитната полиција, на инструмент за личен ПиАр. Барем да беше успешен ПиАр.
За оваа акција не требаше ни да објавувате дека сте ја правеле, затоа што поради Вашата и неспособноста на Вашиот тим, полицијата наместо да биде авторитет, служи за подбив“, напиша Ковачки на Фејсбук, инаку кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...