7.4 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаЗабаваШварценегер чува магариња, Никол Кидман алпаки, Џенифер Гарнер кокошка

Шварценегер чува магариња, Никол Кидман алпаки, Џенифер Гарнер кокошка

Иако повеќето луѓе избираат куче или мачка, има и такви кои претпочитаат малку поинакво милениче. На листата на необични миленици на познатите личности се и магариња, кокошки, свињи, алпаки и лавови.

Еве неколку неочекувани миленици на светските ѕвезди.

Никол Кидман – алпаки


Фото/Instagram
Во 2017 година, Никол Кидман ги отвори вратите на својот дом за снимање за магазинот „Вог“. Кога ја прашале кој ѝ е омилен дел од куќата, таа не размислувала долго. Актерката открила дека ги сака своите алпаки, кои се наоѓаат на фарма од 111 хектари, на неколку часа возење од Сиднеј.

Арнолд Шварценегер – магариња

Арнолд Шварценегер има двe преслатки магариња, а тие заземаат и голем дел од неговиот инстаграм-профил. Минатата година актерот објави видео во кое му пее „Среќен роденден Лулу“ на едно од магарињата кое наполнило една година.

Џенифер Гарнер – кокошка

Пред неколку години, холивудска актерка Џенифер Гарнер му ја претстави на светот својата миленичка – кокошката Реџина Џорџ. Животното го носела со ременче на долги прошетки, но за жал кокошката починала во 2018 година.

Џорџ Клуни – свиња

Долги 13 години најдобар пријател на Џорџ Клуни беше прасето Фаревел Макс. Актерот ја делел својата вила со него, а му било дозволено и да спие со него во спалната соба. Клуни ја дефинираше нивната врска како „најдолга врска“.

Прасето умрело во 2006 година, а се шират гласини дека Клуни поради него раскинал две романтични врски.

Мелани Грифит – лав

Познатата актерка пораснала со лав по име Нил. Животното тешко 200 килограми ѝ припаѓало на нејзината мајка Типи Хедрен. Магазинот Life ја сними тогаш 14-годишната Мелани како си игра со животното во нивната градина, а лавот често престојувал и во куќата.

Кирсти Алеј – лемури

Кирсти Алеј дома има не еден, туку 14 лемури

„Сфатив дека тие се одлични животни и ме заинтригира прашањето за нивната заштита на Мадагаскар и спасување на дождовните шуми“, изјави таа за People, додавајќи дека им е одлично во Лос Анџелес бидејќи климата е речиси идентична со климата во нивната татковина.

Важно е да се напомене дека дивите животни не се домашни миленици. Тие можат да станат агресивни, па дури и депресивни кога не се во нивната природна средина.

Agrotim

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...