12 C
Ohrid
четврток, април 17, 2025
ПочетнаМакедонијаПастор Филип од Велес во посета на Африка ја покажува својата хуманост...

Пастор Филип од Велес во посета на Африка ја покажува својата хуманост и наклонетост кон Бога

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како Што може да видеме на Профилот од Фejзбук Пастор филип е во псоета на Африка.

<

Во целост ви го пренесуваме неговата објава на социјалните мрежи каде што одблиску сака да не запознае со животот на луѓето и нивните секојдневни обврски.

.
.
.
ОД ЅВЕРОВИ ДО ЛУЃЕ
Од „џунглата“ во Њабулико, денес сме во Бундибуџио, гратче на границата со Конго. Повторно ги посетивме Пигмејците, заедница која тука брои околу 40 домаќинства, односно 150 души, луѓе кои владата на Уганда се обидува да ги еманципира.

.
.

Како и претходно, им однесовме храна што им е насушно потребна, но овојпат им купуваме и 40 сета алати за да ја обработуваат земјата, па така да се прехрануваат, да не зависат од надворешна помош. Црквата тука ќе обезбеди семиња како принос од своите верници, па ќе им помогне и околу садењето и одгледувањето на земјоделските култури. Ова е голем цивилизациски исчекор за оваа заедница, зашто до неодамна тие живееле потполно див живот, отсечени од остатокот од земјата и народот. Не можам со зборови да ви ја опишам состојбата, но кога ќе видите како Африканец сожалува друг Африканец, тогаш знајте дека тој другиот најверојатно е Пигмеец…

Браќа и сестри, кога подобро ќе размислам, тоа е чудото на Христос и во секој од нас – од ѕвер да направи човек. Да, ние не сме живееле таков примитивен живот, но тоа додатно го усложнува нашиот проблем, зашто така нашето ѕверство е маскирано, нашето зло е софистицирано, префинето, па додека ние не убиваме човечки тела со лак и стрели, и те како знаеме да убиваме човечки души со нашите јазик и зборови…

Затоа, иако со право можеме да се чудиме како сè уште постојат луѓе кои живеат вака или онака, да не заборавиме дека и пред нас самите сè уште претстои преобразба, та секој од нас да стане човек, налик Човекот – Христос Исус.

За крај, веројатно најдобрата молитва која ми доаѓа од Духот денеска: Господи, од ѕвер, направи ме ЧОВЕК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...

Стојанче Стефанов е 62-тата жртва од пожарот во Кочани.

Согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 1998 година. Станува збор за...

Дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва- Почина 24 годишно момче.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани,...