17.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНе се знае дали цените ќе останат „замрзнати“ Владата не може...

Не се знае дали цените ќе останат „замрзнати“ Владата не може да направи ништо за поскапувањето на дериватите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се уште не се знае дали ќе се продолжи мерката за замрзнување на цените на основните производи, но министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека се анализираат и други модели за да се интервенира кај увозниците на основните прехранбени производи и трговците на големо.

<

„Според сите податоци, нема зголемување во месец декември и јануари имајќи ја предвид одлуката за замрзнување на цените на основните производи. Се уште е рано да одлучиме за продолжување на мерката за која веќе почна да се зборува во јавноста. Се анализираат и други модели и веројатно ќе се интервенира и во маржата на увозниците на основните прехранбени производи и кај трговците на големо и мало и на тој начин ќе го намалиме влијанието од поскапувањето на основните производи“, вели Бектеши.

Што се однесува до цената на нафтените деривати, таа може да се зголеми но Министерството за економија и Владата не можат да направат ништо во врска со тоа бидејќи тоа не зависи од државата.

„Северна Македонија не е производител ниту на нафта, ниту на други нафтени деривати, но мене ме радува фактот што во регионот имаме најниски цени за разлика од Косово, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна итн. Се донесува до центата на нафтата и нафтените деривати не можеме да влијаеме бидејќи тие се во дел од меѓународните берзи и таму се одредува цената“, рече Бектеши.

Со поскапувањето на електричната енергија и нафтените деривати, во Македонија почна и поскапувањето на основните производи, по што Владата ги замрзна цените на неколку основни производи, а потоа додатно го продолжи рокот на мерка до 28 февруари 2022.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...