21.9 C
Ohrid
четврток, септември 11, 2025
ПочетнаМакедонијаДобри луѓе сеуште постојат: Македонец кој живее во Швајцарија донираше гитара на...

Добри луѓе сеуште постојат: Македонец кој живее во Швајцарија донираше гитара на дете чија желба сега е ОСТВАРЕНА!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Саше Митев е нашинец од Струмица, а сега живее во Швајцарија. Денеска тој исполни уште голема детска желба. Својата гитара ја донираше на дете чија желба беше токму тоа.

<

Се започна со барање од еден родител во една популарна група на друштвената мрежа Фејсбук.

„Браќа некој да не има гитара стара ми треба за мое дете нека пише цена и модел. Немам многу пари ама морам да и ја остварам желбата“, гласеше објавата на Фејсбук.

Саше Митев се јави веднаш во коментар. Понуди бесплатно да донира акустична или електрична гитара. Неговата објава наиде на над 1.400 поздрави и честитки за големиот потег.

ТВ21 контактираше со Саше Митев, вели дека ова не му е прва донација, но не сака да експонира јавно работи кои треба да бидат сосема нормални.

„Би сакал да ја разбудам свеста меѓу нас и мислам дека со ова мало дело успеав барем малку во намерата“, ни рече во разговорот Митев.

Додава дека радоста на децата е нешто што ги грее срцето и душата.

„Детската насмевка нема цена“, ни рече Митев.
Тв21

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека нема да се повтори случајот во кој на промоцијата на новите таблички на службените возила вицепремиерот Арбен Фетаи во...

Ангелов: Владата после изборите ќе се зафати со трајно решевање на проблемите со депониите

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спарување, Стојанче Ангелов ќе побара од надлежните институции да се направат дополнителни испитување на составот на отпадните...

Еди Рама ја претстави министерката „Диела” создадена од вештачка интелигенција

Премиерот Еди Рама ја започна презентацијата на новата влада за четврти мандат. Рама ја претстави првата министерка во историјата создадена со вештачка интелигенција, наречена...

Паункоски и Тороманоски во Слатино: Почит кон свети Јован и селската слава.

Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Љупчо Паункоски, заедно со носителот на советничката листа, Даниел Тороманоски, присуствуваа во селото Слатино, во манастирот „Св. Јован“,...