12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЦрна Хроника -Нападната од бившиот љубовник, тепачка за нерасчистени долгови, повреден малолетник,...

Црна Хроника -Нападната од бившиот љубовник, тепачка за нерасчистени долгови, повреден малолетник, серија физички напади

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во повеќе места низ државата се регистрирани серија физички напади и тепачки за чие расчистување полицијата презема мерки.

<

Синоќа во с.Чајле од полициски службеници од Полициско одделение Чегране лишен од слобода е В.Ј.(20) од с.Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска.

Во Полициска станица Крива Паланка, пак, вчера е пријавено дека на 08.02.2022 во 00.40 часот во казино во Крива Паланка, по преходно недоразбирање, С.И. физички го нападнал В.Н..

С.В.(53) од с.Д.Манастирец синоќа во Полициска станица Македонски Брод пријавил дека околу 21.30 часот пред угостителски објект во с.Д.Манастирец бил физички нападнат од М.К. од с.Тополница, Македонски Брод.

Во угостителски објект во с.Порој, поради нерасчистени должничко- доверителски односи

Х.Р.(44) од с.Порој вчера пријавил дека околу 16.45 часот во угостителски објект бил физички нападнат од Ш.Ш.(35) од с.Порој, кој му го оштетил и мобилниот телефон.

Ноќеска околу полноќ С.К.(62) од Скопје во СВР Велес пријавил дека во дворот од неговата викенд куќа во место викано „Мелот“, во атар на с.Росоман, бил физички нападнат од две лица, кои му одзеле пари.

34-годишна жителка на Куманово синоќа пријавила дека околу 20.30 часот во близина на основно училиште во Куманово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од три лица, од кое едното го познавал од порано.

Малолетник од с.М.Турчане вчера во Полициска станица Гостивар пријавил дека околу 15.25 часот додека бил во основно училиште, бил повреден со остар предмет од негов другар, со кого подоцна, во присуство на родител, е извршен службен разговор во Полициска станица Гостивар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...