8.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонската блогерка Александра Шијакоска ѝ се обрати на јавноста: Ми открија тумор...

Македонската блогерка Александра Шијакоска ѝ се обрати на јавноста: Ми открија тумор на главата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Младата македонска модна блогерка Александра Шијакоска, денеска на својот Инстаграм профил преку емотивно видео им се обрати на своите следбеници, во кое соопштува дека неодамна ѝ откриле тумор на главата и дека поради нејзината здравствена состојба одреден период нема да биде присутна на социјалните мрежи.

<

„Најсакани мои пријатели, роднини, соработници, луѓе кои ме познавате или не, сакам да ве известам дека извесен период нема да се дружиме. Во видеото се наведени причините за тоа и уште нешто што ми лежи на душа. После видеото го предавам телефонот на друг и нема да можам да прочитам ниедна порака. Ве замолувам доколку имате препорака за добар доктор (неврохирург) кој би можел уште еднаш да ги погледне резултатите, некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличен случај да го споделите. Пораките ќе бидат прочитани за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне, но не од мене. Со мене се гледаме по операцијата со Господ напред”, објаснува Александра надоврзувајќи се на видео објавата во која открива дека пред неколку дена ѝ била соопштена информацијата која никој не би сакал да ја слушне и дека ја чека голема животна борба.

Во пораките под видеото, голем број нејзини пријатели и следбеници и упатуваат поддршка и желби за успешна операција и брзо закрепнување.

Александра во своето видео обраќање замоли доколку некој има препорака за неврохирург кој дополнително би можела да го консултира за нејзините резултати, да остави информации на нејзиниот профил.

На Александра ѝ праќаме добра мисла, успешна операција и што побрзо повторно да се врати на социјалните мрежи со секојдневни модни и инспиративни содржини како и до сега.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...