26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорката на тетовската Гимназија: Девојчината со гол стомак и со градите надвор...

Директорката на тетовската Гимназија: Девојчината со гол стомак и со градите надвор не треба да доаѓаат на настава.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и со градите надвор“ – ова е пораката со која директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Илвије Зибери Јашари, реагирала на, според неа, премногу слободниот начин на кој се облекуваат девојките во училиштето, пишува порталот Фљака.

<

Пораката ја пратила во комуникација со колегите во група на „Вибер“, а случајот го разоткри невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, која за пораката дознала „од неофицијални извори“.

Во пораката што ја споделија од „Бубамара“, се наведува дека секој што ќе се спротивстави на кодексот на облекување, треба да се упати кај раководителката, за таа да ги повика родителите.

Според „Бубамара“, трендот на зголемување на контролата врз облеката на учениците се смета за апсолутна контрола врз нивното тело и е дискриминаторска бидејќи се однесува само на девојчињата. Оттаму се загрижени дека телото на малолетните девојчиња продолжува да се сексуализира и објективизира во училиштата. Организацијата смета дека ваквите случаи се загрижувачки, со оглед на недостигот од сексуално образование, на што се спротивставуваат истите професори кои сметаат дека децата, односно учениците, треба да се држат во синџири со стари правила кои одамна не се во мода“, стои во реакцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...