27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаЗабаваСонот на секоја жена: Ова е Грчкиот остров на којшто жените се...

Сонот на секоја жена: Ова е Грчкиот остров на којшто жените се главни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За повеќето луѓе овој остров е вистинска мистерија, а во последно време туристите покажуваат сè поголема заинтересираност за местото поради прекрасните плажи, но и поради нешто за коешто островот се гордее со децении.
Грчкиот остров на којшто жените се главни
Имено, на грчкиот остров Карпатос со 7.000 жители, постои долгогодишна традиција којашто се негува и денес. На прв поглед, островот наликува како повеќето грчки острови. Иако Карпатос е на само еден час летање од Атина, времето како да застанало на ова место. Повеќето луѓе живеат во главниот град Пигадија, но најинтересно е селото Олимпос на северниот дел од островот, место каде што владеат жените. Грчкиот остров на којшто жените се главни
За разлика од останатиот дел од островот кој е проголтан од туристите, Олимпос негува поинаков пристап.
Грчкиот остров на којшто жените се главни
Во близина на селото е земјоделската област Авлон, место каде што нема Интернет, ниту пак предавници или пекари. Освен пекарата зад која стои вредната Ана Лентаки. Ана е главниот доставувач на леб за разните градски церемонии. Нејзиниот леб, а и макарони, се со посебен вкус и се направени по рецепт кој се пренесувал со генерации. Нејзините ќерки и внуки само ја продолжиле традиција на Ана.Матријархатот е заедница позната како место каде што владеат жените. Но прашање е на кој начин се почитува оваа традиција денес.
Локалните жени се господарки на кујната, и тоа не само во нивните домови, туку и во рестораните. Тие носат традиционална облека за религиозни церемонии, додека мажите носат обична облека. Жените се наоѓаат на важни позиции и тие ја одредуваат политиката на островот.
Грчкиот остров на којшто жените се главни
„Во многу друштва женската сила е тајна, но на Олимпос оваа тајна повеќе ја нема. Жените имаат посебна сила или моќ да управуваат со домаќинството и да преживеат на овој остров“, изјавиле локалните жителки.Жените се одговорни за продолжување на традицијата, споделување и пренесување на рецептите и така било отсекогаш, исто како и сега. Но денес тие ги презеле и улогите на оние кои се задолжени за зачувување на заедницата и нејзиното преживување.
Грчкиот остров на којшто жените се главни
Во ова бајковито село над морето со бело сини куќи се ценат традиционалните обичаи уште многу одамна. Имотот го наследува најстарата ќерка, а истовремено ќе го наследи и името на нејзината баба.
На северниот дел од островот, туризмот не е закана која уништува. Малите програми се развиваат во склоп на идејата локалната заедница да преживее и да ги цени туристите.
Грчкиот остров на којшто жените се главни
„Целта не е да имате милиони туристи, туку мали групи кои ќе ги трошат нивните пари на локални настани, како кулинарски курсеви и некои туристички тури. Иднината е во овој нов систем на туризам“, изјавила една од жителките.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство. Пребарај.. МАКФАКС МАКФАКС МакедонијаМицкоски ги...