27.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаСветИлон Маск активираше сателит да ѝ обезбеди интернет на Украина

Илон Маск активираше сателит да ѝ обезбеди интернет на Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основачот на „Спејс икс“ (SpaceX) Илон Маск го активираше сателитскиот систем „Старлинк“ (Starlink) над Украина за да и обезбеди сигурен пристап до интернет.

<

Ваквиот потег на Маск доаѓа како одговор на молбата од украинскиот вицепремиер и министер за дигитална трансформација, Михаило Федоров, кој вчера побара помош додека Украина се бореше против руската инвазија на терен, но и против сајбер-нападите кои доаѓаа од Русија.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат во вселената, руски ракети напаѓаат украински цивили -напиша Федоров повикувајќи го Маск да обезбеди Старлинк станици за Украина.

Воедно, вицепремиерот го повика Маск да ги повика свесните Руси да се спротивстават на нивните власти.

По ова следуваше одговорот од Маск:

„Услугата на ’Старлинк‘ е активирана сега во Украина. Повеќе терминали се на пат“.

„Спејс Икс“ има илјадници сателити во орбитата кои и овозможуваат на компанијата да емитува широкопојасни услуги околу Земјата, без потреба од кабли со оптички влакна. Активирањето на станици од сателитскиот систем за Украина ќе им овозможи на Украинците пристап до интернет во случај нивната интернет-инфраструктура да биде оштетена или уништена од руските напади.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар, полицијата бара на носилки да ја однесат во станица иако е на боледување

Вечерва во Демир Хисар се одвива драматична акција на полицијата по наредба на јавен обвинител, со цел претрес на автомобилот и семејниот дом на...

Крвава расправија во Штип: Жена го повредила сопругот со остар предмет

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за...

Убиецот Димитар Спасов од Неготино, веќе не е во Бардовци

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и одреди мерка притвор од 30 дена за 36-годишниот Димитар Спасов, осомничен за бруталното убиство...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...

Кој е угостителот С.З од Штип: ја уби мајка си, сопругата по три обиди за самоубиство почина на психијатрија , а татко му го...