26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЖената чиј стан изгоре во пожарот во Кисела Вода моли за помош

Жената чиј стан изгоре во пожарот во Кисела Вода моли за помош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Една кесичка во која ѝ стои мобилниот телефон е сè што сега поседува 58-годишната Милена Стевчевска, од чиј стан пред десетина дена се прошири стравотниот пожар во зградата во близината на Расадник, Кисела Вода.

<

„Не сакав да се одвојам од дома кога избувна пожарот. Не можев да сфатам дека за толку кратко време може сè да изгори. Сега сум само со оваа кеса и паричникот што ми го купи ќерка ми. Излегов од домот само со едни папучи и ова што го носам на себе“, вели таа плачејќи.

Во станот, кој е целосно уништен, а во кој таа живеела од 1983 година, Стевчевска влегува вторпат по пожарот. Ниту знае како ќе го реновира ниту како ќе преживува и каде воопшто ќе живее во иднина. Од институциите се чекаат одговори, а од граѓаните помош. Сопругот на Милена е починат во далечната 2002 година и оттогаш е самохрана мајка на две ќерки. Зема пензија од девет илјади денари, која ја наследила од сопругот, и тоа е целиот нејзин месечен приход.

Иако пожарот почнал од нејзиниот стан, штета претрпеле многу луѓе од соседните станови. Комплетно се изгорени уште неколку стана на овој и на катот над Стевчевска.

Двата влеза во зградата веќе десетти ден немаат струја.

„Им велам, поради мојот стан, сега сите вие страдате и живеете во оштетени станови. Со ноќи не можам да спијам од гризење на совеста“, вели таа.

Стевчевска во станот живеела со ќерка си, золвата и внукот, кои во тој период биле надвор од земјава. Таа вели дека во еден момент во станот снемало струја, а кога влегла во собата на внукот, видела како гори креветот. Таа не е задоволна од брзината на противпожарните екипи.

„Горе гореше, а тие дојдоа и не мрдаа. Им сметале паркираните возила, не можеле да пријдат. Дури потоа разбрав дека дошле неподготвени и помина речиси цел час додека да се организираат“, вели Стевчевска.

Оваа жена сега живее во малиот стан на другата ќерка, а надлежните ѝ ветиле дека ќе добие сместување во студентскиот дом „Пелагонија“, но засега од ова ветување нема ништо.

Целото сведоштво на Стевчевска може да се гледа во видеото на „А1 он“.

Таа очајно бара помош од граѓаните за да може да го преживее периодот што следува. Стевчевска нема никаков документ за лична идентификација бидејќи сè изгорело во пожарот, па апелира секој што може да уплати барем минимални средства на жиро-сметката на ќерка ѝ:

Ирена Стевчевска

Сметка: 210601593318751

Тутунска банка

Со назнака: Донација за Милена Стевчевска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...