14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Ние неаме пченка, пуканки да си напраиме - они со Русија...

Апасиев: Ние неаме пченка, пуканки да си напраиме – они со Русија ќе војувале.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Димитар Апасиев — македонски политичар и правник, универзитетски професор и претседател на македонската политичка партија Левица. На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник во македонското Собрание откако неговата партија за првпат освоила две пратенички места, воедно придружуван од Борислав Крмов.

<

Апасиев дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при најстариот прворангиран македонски Државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек: Правни студии, потпрограма: Римско право. Неговата магистерска теза носи наслов „Јавноправни институти на Римското право реципирани во денешните правни системи“; а докторската дисертација, „IUDICIA PUBLICA – Римското кривично процесно право (со посебен осврт на правосудниот систем во времето на Републиката)“.

Неговиот континуиран просечен успех постигнат на прв, втор и трет циклус студии е 10.00 (десет) – без ниту еден преполаган испит во текот на школувањето.

Носител е на наградите: Златен Цицерон – како двократен апсолутен победник на традиционалните Ораторски вечери „Иво Пухан“; Плакета Јустиција за најдобар постигнат успех на правни студии – како првенец на повеќе генерации; јубилејната Деветтоноемвриска награда проф. д-р Ѓорѓи Шоптрајанов за најдобар студент на општина Велес и уште десетина други.

Бил на студиски престој на најдобриот руски Државен универзитет „Ломоносов“ (Москва), а бил стипендист на Министерството за образование и наука на РМ (четири години); на Фондацијата за талентирани студенти „Коле Неделковски“ (две години); на European Public Law Center (Kikones Programme за млади правници); како и на Россотрудничество (Программа: Новое Поколение).

Тој предмалку на социјалните мрежи како и вобичаено си тера мајтап со власта, откако кажаа дека државата има доволно резерви на пченка и пченица, но испадна дека сепак сме побарале од нашите добри пријатели Србите 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.

Ние неаме пченка, пуканки да си напраиме – они со Русија ќе војувале, напиша Апасиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...