18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаПутин нареди: Владата во рок од два дена да направи список на...

Путин нареди: Владата во рок од два дена да направи список на сите земји кои воведоа санкции кон Русија, меѓу кои е и Македонија..

ускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата.

– Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски земји кои вршат непријателски дејствија против Руската Федерација, руските правни и физички лица, се вели во соопштението.

Со овој указ, претседателот воспостави привремена постапка за плаќање на странски кредитори поврзани со земјите кои воведоа санкции кон Руската Федерација.

Меѓу земјите кои воведоа санкции е и Македонија. Во текот на минативе денови објавивме реакции на фирми и институции во врска со санкциите. Да се потсетиме на некои од нив:

Македонската влада се приклучи на санкциите од ЕУ кон Русија

Македонија се приклучи кон санкциите што вклучуваат повеќе мерки – од забрана за користење на воздушниот простор за руските авиони до серија економски санкции. Владата веднаш по започнувањето на руската инвазија реши земјата да се придружи кон новиот пакет рестриктивни мерки на ЕУ.

– Во оваа фаза таргетираните рестриктивни мерки на ЕУ, кон кои се придружува и нашата земја, опфаќаат таргетирани мерки за утврден број лица од политиката и бизнисот кои одиграле улога за настанатата ситуација во Украина и за нив се воведува забрана за патување низ земјите на ЕУ, како и забрана за пристап до финансиските фондови на Унијата, информираа од Владата.

Македонско-руска стопанска комора: Извозот кон Русија е мал, но штетите ќе бидат големи

Од Македонско-руската стопанска комора посочија дека главната грижа е оти македонски производи, особено раноградинарските, за кои сезоната допрва почнува, ќе почувствуваат посилни ефекти. Тука ги вбројуваат и македонското вино, производите од преработувачката индустрија, но и фармацевтските производи. Предупредуваат дека сме и целосно зависни од рускиот гас.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Само заедно можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси-УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Заедно, можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси и да го градиме општеството кое...

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...