20.2 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаСветЦената на струјата надмина 430 евра! Кој ќе ги спаси нашите фирми...

Цената на струјата надмина 430 евра! Кој ќе ги спаси нашите фирми од нов струен удар?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден мегаватчас струја, на унгарската берза ХУПЕКС, за испорака денеска чини 436 евра!!! Тоа е 2,4 пати поскапо во споредба со денот кога почна украинската војна. Ова е црвен аларм за нашата економија. Затоа што се бројни нашите компании кои ја плаќаат струјата по цена на мегават од ХУПЕКС + коефициент (кој содржи трговска маржа, трошок за преносен капацитет+ други ситни давачки). Ако потрае воениот конфликт во Украина нашата економија ќе се соочи со таков струен ценовен шок што тешко може да го поднесат и многу посилни од нас….

<

За 13 дена од почетокот на украинската војна цената на струјата на ХУПЕКС (референтна за сите наши компании кои купуваат на отворен пазар) се зголеми повеќе од двојно. Денеска еден мегаватчас (базна цена) чини 436 евра. Пик-цената (највисока цена за час) денеска достигна 463 евра. За испорака денеска на ХУПЕКС по овие цени се истргувани над 70.000 мегаватчасови струја што е еднакво на тоа што го троши Македонија за три-четири дена.

Мегаватот струја што на оваа берза во четвртокот на 24 февруари годинава (кога руската армија воено влезе во Украина) се продаваше за 178 евра на тргувањето за достава на 6 март (недела, вчера) чини неверојатни 340,8 евра. Верувале или не во саботата чинеше дури 350,3 евра и тоа е цена за струја што е рекордна и е безмалку двојно повисока од цената на денот кога започа воениот конфликт. И тоа се цени за викенд денови во кои индустријата не работи заради што и побарувачката е ниска. При тоа вредно за истакнување е тоа што во оваа анализа е земена во обзир базната дневна цена постигната во тргувањето на таа берза, а не врвната (пик) цена за денот која секогаш е повисока од базната цена.

Доколку продолжи овој тренд, а за сега не е на повидок мирен исход меѓу Русија и Украина, пазарната цена на струјата за нашите компании во најоптимистичко сценарио нема да се намали, а извесно е дека ќе продолжи да расте.
За повеќе детали,Тука
Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...