13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаСветЗеленски: На Путин ниту Господ нема да му прости.

Зеленски: На Путин ниту Господ нема да му прости.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа им се обрати на граѓаните на Фејсбук и изјави дека „ова е Недела на простување, но не можам да простам поради стотиците жртви“, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ниту илјадниците кои страдаа. Ниту Господ нема да прости. Не денес. Не утре. Никогаш. Наместо прошка, ќе има осуда“, изјави тој, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој ја обвини Русија дека планира „намерно убиство“ со гранатирање на украинска територија.

„Русија официјално најави гранатирање на нашата територија утре. Нашите компании и одбранбени комплекси. Многу од нив се изградени пред неколку децении, во градовите. Тие сега се во средината на вообичаената урбана средина. Илјадници луѓе работат таму, илјадници живеат во близина“, рече тој.

Тој додаде дека се работи за „убиство, намерно убиство“.

Зеленски потенцира дека во неделата не се слушнал со ниту еден од сојузниците.

„Не ги слушнав реакциите на светските лидери денес. Западните политичари. Нема реакција на таа објава. Помислете на чувството на неказнивост на окупаторите: тие најавуваат планирани ѕверства. Зошто?“, праша Зеленски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...