17.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаСветРадев: Бугарскиот народ ги спаси Евреите во Втората Светска војна

Радев: Бугарскиот народ ги спаси Евреите во Втората Светска војна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Спасувањето на бугарските Евреи во текот на Втората светска војна е резултат на моралниот капитал на цели генерации, вели бугарскиот претседател Румен Радев во пораката по повод одбележувањето на 79-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи.

<

Според него, по традиција на 10 март се одбележува светлиот подвиг на спасувањето на бугарските Евреи и истовремено се изразува жалење за сите жртви на таа жестока и мрачна епоха.

-Во текот на 1943 година бугарскиот народ храбро го издржа големиот историски тест и го направи тоа, што малкумина други во Европа успеаја или посакуваа да го сторат. Фундаментот на тоа спасување беше во огромниот морален капитал на цели генерации, а го надгради будната свест на Бугарија-православната црква, народни претставници, политички и општествени лидери, мнозинството обични Бугари, дополнува Радев.

Тој дополнува дека отфрлајќи го удобството на конформизмот и исправајќи се пред нееднаковоста, бугарските претци не ја дозволиле депортацијата на своите соседи, соученици и пријатели Евреи. Така тие ни оставија дел од нивната дрскост, храброст и вербата во човечкиот живот.

-Последниве денови живееме со чувството дека светот се наоѓа на историски крстопат, што може да ги оживее непростливите грешки од минатото и да го посее семето на нови неправди и страдања. Токму затоа примерот на нашите претци денеска грее особено силно. И не е случајност, што многу Бугари, достојни нивни наследници, ги отвораат своите срца, овојпат за невините жртви на една братоубиствена војна, подвлекува Радев.

Според него, приказната за чудото, направено од малата Бугарија во најмрачните години за Европа, треба да се раскажува.

-За да не заборавиме дека со заеднички напори можеме да се обединуваме околу доброто и да даваме надеж таму каде што е најпотребна, заклучува бугарскиот претседател.
Експрес.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...