6.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаСветАвстралија и Холандија ќе ја тужат Русија поради соборениот авион од летот...

Австралија и Холандија ќе ја тужат Русија поради соборениот авион од летот МХ17 во 2014

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австралија и Холандија започнаа правна постапка против Русија во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН поради соборувањето на летот 17 на Малезија ерлајнс во 2014 година, се вели во денешното соопштение на австралиската влада.

<

Летот на Малезија ерлајнс Амстердам-Куала Лумпур беше соборен во јули 2014 година со проектил истрелан од проруските бунтовници во Украина. Сите 298 луѓе во авионот загинаа, потсетува Си-Ен-Ен.

„Одбивањето на Руската Федерација да ја преземе одговорноста за нејзината улога во соборувањето на летот MХ17 е неприфатливо и австралиската влада отсекогаш велеше дека нема да исклучува никакви правни опции во нашата потрага по правдата“, се вели во изјавата на премиерот Скот Морисон, министерката за надворешни работи Марис Пејн и јавната обвинителка Михаела Кеш.

„Во октомври 2020 година, Русија еднострано се повлече од преговорите со Австралија и Холандија во врска со соборувањето на летот MХ17 и одби да се врати на преговарачка маса и покрај постојаните барања на Австралија и Холандија. Двете земји настапуваат од позиција дека Русија ги снабдила сепаратистите со ракетниот систем користен во нападот, а потоа го вратила назад“, се посочува во заедничката изјава. Во неа уште посочуваат дека „ракетата можела да биде истрелана само од обучениот руски екипаж на Бук-ТЕЛАР, или барем од некој што дејствувал под нивна инструкција, насока или контрола“.

MИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....

Суспендиран доктор од Србија бидеќи на социјалните мрежи пишал за срамната посета на Вучиќ со тв екипи кај повредените од Кочани.

Српскиот неонатолог и кардиолог д-р Дејан Паниќ е суспендиран затоа што во објавите на Фејсбук се побуни против посетата на претседателот Вучиќ кај тешко...