17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПо повеќе од 20 години во скопската Зоолошка градина се родија три...

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во ЗОО Скопје по повеќе од 20 години се родија три лавчиња, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
-Денес е 20ти март – Меѓународниот ден на среќата годишен настан на Обединетите Нации кој ја промовира среќата како универзално човеково право со цел да се намали глобалната нееднаквост и да се заштити планетата за идните генерации.

<

Токму на овој ден сакаме да споделиме преубава вест од скопската зоолошка градина, каде по повеќе од 20 години се родија три лавчиња. Вработените велат дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје и се грижат да се безбедни со сите услови во внатрешното живеалиште, каде лавицата и лавчињата од страна на вработените се под постојан надзор и грижа.

Лавчињата се стари неколку дена, а можност да ги видат посетителите на ЗОО ќе имаат кога тие ќе бидат стабилни и во можност самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.

Сите љубители на животни и посетители на ЗОО Скопје, ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња, пишува Арсовска во својата објава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...