17.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаОд денес стартува исплатата на минималната плата од 18.000 денари

Од денес стартува исплатата на минималната плата од 18.000 денари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од денес, 80.000 вработени работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава.

<

Дефинирано е дека висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57 отсто од просечната плата. Ова значи дека растот на минималната плата во иднина ќе биде возможен без дополнителни интервенции и Владата очекува многу брзо, таа да ја надмине и сегашната договорена сума. Државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси, со што се олеснува процесот.

Процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2 отсто а за период 2016-2022 година за 78,6 отсто.

„Се залагаме за унапредување на животниот стандард, а тоа е потврдено и со растот на пензиите, со бројките за раст на просечната нето плата, со намалување на невработеноста, со зголемената социјална помош, детскиот додаток, образовниот додаток, стипендиите. Продолжуваме со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард“, соопшти денес Владата на стартот на исплатата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...