25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаОдобрување или оправдување на воени злосторства е кривично дело, сторителите ќе бидат...

Одобрување или оправдување на воени злосторства е кривично дело, сторителите ќе бидат санкционирани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одобрување или оправдување на воени злосторства е кривично дело, сторителите ќе бидат санкционирани

<

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.
Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.
Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.
Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.
Апелираме и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот [email protected] за соодветно постапување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...